Рекорди за ГИНИС: 50-та „МАЈКА“ за конституирање на косовското Собрание

July 21, 2025
1 min read

Косовските пратеници денеска по 50-ти пат ќе се обидат да го конституираат парламентот, со избор на неговото раководство, само неколку дена пред истекот на рокот што го одреди Уставниот суд – 26 јули.

Парламентот веќе три месеци е во блокада, бидејќи опозицијата одбива да гласа за кандидатката на Самоопределување за претседателка на Собранието, Аљбуљена Хаџиу, која не успева да обезбеди доволна поддршка во јавните гласања.

Самоопределување уште од почетокот на мај бара гласањето да биде тајно, што опозицијата исто така го одбива, тврдејќи дека тајно гласање не е дозволено при конститутивна седница.

Кабинетот на косовската претседателка најави можност таа да се обрати до Уставниот суд поради блокадата, бидејќи и претходната одлука на судот од крајот на мај се толкува различно од страна на партиите.

Не е познато дали разговорите меѓу лидерот на Самоопределување Албин Курти и лидерот на Нисма, Фатмир Љимај, донеле некаков напредок, бидејќи викендов немаше официјални информации од нивниот состанок. Партијата на Љимај би можела да помогне Хаџиу да добие 61 глас „за“, но пречка е тоа што и самиот Љимај сака да биде претседател на парламентот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Блокада во Собранието на Косово – денеска 50-ти обид за конституирање

Следно

СДСМ бара итна ревизија на огласот за образовни асистенти

Latest from Blog

Израел уништи ирански бродови во Каспиското Море (ВИДЕО)

Војската, која исто така објави снимки од нападот, изјави дека според израелската војска, нападите уништиле иранска поморска корвета, четири ракетни чамци и неколку помошни бродови и стражарски чамци, заедно со команден центар

Ѓорѓиевски и Велковски по повод Рамазан Бајрам поделија пакети со прехранбени производи

Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски по повод големиот празник Рамазан Бајрам, подели над 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед, во соработка со заменик министерот за социјална

Проданоски најави еко-акција за пошумување во Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, го најави почетокот на нов проект за заштита на природата и создавање позелена животна средина. Со поддршка од Бирото за регионален развој, проектот „Пошумување на споменикот на
Go toTop