Регионална депонија кај Новаци – зелено светло за формирање меѓуопштинско претпријатие кое ќе управува со отпадот

March 4, 2025
1 min read

После Охрид, Ресен, Дебрца и Битола го прифати предлогот за меѓуопштинска соработка за отворање на регионална депонија во Новаци.

Оваа одлука на Советот доаѓа по иницијатива со која Општина Новаци го прифати предлогот на нејзина територија да се гради регионална депонија за потребите за одложување и преработка на сметот од 18 општини во југозападниот дел од државата. Едногласно беше изгласана и одлуката за формирање на комисија за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад меѓу општините. Сепак битолските советници изразуваат загриженост за евентуално загадување на животната средина и уништување на инфраструктурата во Битола.Побараа и јавна расправа оти проектот бил нејасен.

Новата регионална ќе биде сместена наспроти постојната дива депонија Мегленци што ја управува ЈКП „Комуналец“ од Битола. Таа ќе се гради североисточно од селото Новаци на околу 5,3 км, или 2,4 км југозападно од селото Мегленци кое е најблиското населено место. Иако е позитивна вест на која се чека скоро една деценија граѓанските Активисти велат дека обврските на општините не завршуваат тука. Следниот и потежок чекор е секоја од нив да обезбеди средства и проект за да ги затвори постоечките депонии.

Како што првично беше кажано од Министерството за животна средина, трошоците за изградба на регионалната санитарна депонија во Новаци и набавката на потребната опрема за санитарно депонирање на отпадот ќе бидат 22 милиони евра.

Во регионалната депонија во Новаци смет ќе се носи од Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Иранскиот отправник на работите повикан во турското Министерство за надворешни работи

Следно

Реакции по стапувањето на сила на новите американски царини кон Канада, Мексико и Кина

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова
Go toTop