Реакции по стапувањето на сила на новите американски царини кон Канада, Мексико и Кина

March 4, 2025
1 min read

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина сета воена помош за Украина по конфронтацијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба.

Претставник на Белата куќа рекол дека САД ја прекинуваат и ја разгледуваат помошта за Украина за да се осигураат дека таа придонесува за решение.

„Ова не е трајно прекинување на помошта, тоа е пауза,“ – Бела куќа.

Претходно, Вашингтон го притисна Зеленски да се усогласи со притисокот на Вашингтон за договор за прекин на борбите во Украина. Претседателот Трамп рече дека неговото трпение е при крај, критикувајќи го отпорот на Зеленски кон изгледите за брз прекин на огнот.  Откако Зеленски изјави дека крајот на војната е „многу, многу далеку“, Трамп напиша дека украинскиот претседател не сака мир се додека има поддршка од САД.

„Ова е најлошата изјава што Зеленски можеше да ја даде и Америка нема да ја толерира уште долго.“ – Доналд Трамп претседател на САД.

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека давање на Американците „економска можност“ во иднината на Украина ќе послужи како „најдобра“ безбедносна гаранција и дека тоа треба да се направи. 

„Ако сакате вистински безбедносни гаранции, ако навистина сакате да се осигурате дека Владимир Путин повторно нема да ја нападне Украина, најдобрата безбедносна гаранција е да им дадете на Американците економска можност во иднината на Украина.“ – Џеј Ди Венс потпретседател на САД.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен предложи план од 800 милијарди евра за зајакнување на одбраната на Европската Унија, за да се намали влијанието од можното раздвојување од САД и да се подобри воената позиција на Украина пред разговорите со Русија. 

„Не мора да опишувам колку е опасна заканата со која се соочуваме.“ – Урсула фон дер Лајен – претседателка на ЕК.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во врска со суспендирањето на американската воена помош за Украина, рече дека тоа е „најпозитивен придонес за мирот“. Според него, прекинот на помошта може да го натера Киев да се вклучи во мировниот процес. Истовремено, Кремљ соопшти дека секаква нормализација на односите со САД бара укинување на санкциите кон Москва.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Регионална депонија кај Новаци – зелено светло за формирање меѓуопштинско претпријатие кое ќе управува со отпадот

Следно

Петгодишното дете проголтало таблети „золпиден“, префрлено на скопските клиники

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop