Речиси цела Куба во мрак по колапс на електричната мрежа

March 15, 2025
1 min read

 Речиси цела Куба остана без електрична енергија откако националната електромрежа доживеа голем дефект синоќа, соопшти кубанското Министерство за енергетика и рударство. Според властите, проблемот настанал поради дефект во главната трафостаница во Хавана, што довело до прекин на снабдувањето со струја во голем дел од западна Куба, вклучително и во главниот град.

Сведоци известуваат дека Хавана била целосно во мрак, освен неколку хотели кои работеле на генератори. Извештаи на социјалните мрежи укажуваат дека и источните и западните региони на земјата, со вкупно 10 милиони жители, биле погодени од прекинот на струја.

Ова е уште еден удар за кревката и застарена енергетска мрежа на Куба, која веќе подолго време се соочува со чести прекини. Крајот на минатата година беше обележан со нестабилност на снабдувањето со струја поради недостаток на гориво, природни катастрофи и економска криза.

Повеќечасовни прекини на струја веќе станаа секојдневие за Кубанците, кои покрај тоа се соочуваат со сериозен недостиг на храна, лекови и вода. Се повеќе жители на островот се решаваат на миграција, барајќи подобар живот надвор од Куба.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Орбан побара ИТЕН ПРИЕМ на Македонија, србија и Црна Гора во ЕУ

Следно

Пленковиќ успешно опериран поради срцева аритмија

Latest from Blog

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop