Разговор со Баковска и Димоски во Градската библиотека во Скопје

October 9, 2023
1 min read

Утре (10 октомври, вторник) во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со Елизабета Баковска и Сашо Димоски, автори на фотокнигата „Во главата пишувам расказ“. Разговорот е дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што Библиотеката ја започна минатата година за поддршка и промоција на актуелната маедонска книжевна продукција. Фотокнигата на Баковска и Димоски е книга за месец октомври. Разговорот е во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“.

Книгата „Во главата пишувам расказ“ е прозен, лирски, животен „сендвич од деца и возрасни, прво како зајре, а потоа како лепче“; книга за родители и за нивните деца кои станале родители; за мајка и ќерка која станала мајка… Книга за последните денови од животот и за првите денови на смртта; за краткиот период во нашите животи кога истовремено ги играме двете улоги во животот: некому сме дете, другему – родител, пишува Оливера Ќорвезироска во предговорот на книгата.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Елизабета Баковска (Битола, 1969), дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на катедрата за англиски јазик и книжевност. Докторирала на тема од областа родови студии на Институтот Евро-Балкан. Била главен уредник на електронското списание за култура и литература Блесок (www.blesok.mk). Преведува, пишува поезија, проза и книжевна теорија и критика. Нејзина поезија, проза и критички текстови се преведени и објавени на повеќе јазици. Авторка е на 14 книги.

Сашо Димоски (Охрид, 1965) се занимава со фотографија и компјутерска графика. Дипломирал и магистрирал фотографија на Универзитетот ЕСРА, а работел во Македонската телевизија и пишувал за културните рубрики на „Утрински весник“ и магазинот „Глобус“. Од 2007 година бил и фотограф на археолошки истражувања, а свои фотографии и текстови објавувал и во електронското списание „Блесок“. Бил уредник на Галерија Блесок. Зад себе има неколку самостојни изложби, неговите фотографии се дел од неколку книги.

Настанот е дел од богатата понуда на Град Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Израелската армија погоди над 500 цели во текот на ноќта во Појасот Газа

Следно

Вељаноски: Нема никакви причини да се одвојат претседателските и парламентарните избори, освен заради партиските калкулации на власта!

Latest from Blog

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop