Расте бројот на жртви во Грција: Седум тела извлечени од згмечениот вагон-ресторан

March 2, 2023
1 min read

Денеска се очекува да се отстрани вагонот-ресторан, по што спасувачките екипи ќе продолжат да работат на останатите. Операцијата ќе продолжи и утре

Железничка несреќа во Грција / Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS

Седум јагленосани тела на патници биле утрово извлечени од остатоците од еден од вагоните, со што бројот на загинати во железничката несреќа во Грција се зголеми на 46 лица, соопштија од Противпожарната служба на Грција.

Портпаролот на службата, Василиос Ватракојанис, информираше дека операцијата за пребарување и извлекување на местото на железничката несреќа продолжува и денеска, а во моментов активностите се насочени кон вагонот-ресторан, кој поради јачината на судирот бил згмечен од првиот вагон.

„Се отстранува патничкиот вагон што е врз него, а потоа ќе се отстрани компресираниот вагон-ресторан што е во форма на буквата ’Г‘. Од овој вагон утринава се извлечени вкупно седум јагленосани тела. Потврдениот број на загинати во овој момент е 46“,

рече Ватракојанис.

Toj објасни дека за продолжување на акцијата за пребарување и спасување ќе треба да се пресечат метали со специјални машини и делумно да се отстранат метални елементи и процените се дека конкретниот вагон до пладне ќе се отстрани, а за останатите ќе биде неопходно операцијата да продолжи утре.

Целата операција се води под тешки услови, а повремениот дожд дополнително ја отежнува акцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

(ВИДЕО) Безбедносни камери го снимиле судирот меѓу двата воза во Грција

(ВИДЕО) Возовите што се судрија во Грција возеле со брзина од 160 километри на час: Повеќето загинати се млади лица

Грчки медиуми: Свртничарот од Лариса призна вина – го испратил возот по погрешна пруга

(ВИДЕО) Објавен последниот разговор меѓу шефот на станицата и машиновозачот пред судирот на двата воза во Грција

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

На локација на која беа предвидени згради, почнува изградбата на нов парк во Аеродром

Следно

Половина Аргентина е без струја од голем пожар

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop