Расте бројот на загинати по нападот на бомбаш самоубиец во Пакистан

January 30, 2023
1 min read

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, најлошиот во Пешавар од март минатата година кога во самоубиствен напад на Исламската држава загинаа најмалку 58 лица во шиитска муслиманска џамија за време на петочната молитва

Бомбаш самоубиец се разнесе денеска во преполна џамија во добро утврден безбедносен комплекс во Пакистан, при што загинаа 47 лица, во последниот напад на бунтовничките исламистички милитанти.

Експлозија во џамија во Пакистан, Фото: EPA-EFE/ARSHAD ARBAB

Полицијата соопшти дека напаѓачот се чини дека поминал низ неколку барикади управувани од безбедносните сили за да влезе во комплексот Црвена зона, каде се сместени полициските и канцелариите за борба против тероризмот во нестабилниот северозападен град Пешавар.

Се работи за бомбаш самоубиец, изјави за Ројтерс началникот на полицијата во Пешавар, Ијаз Кан. Најмалку 47 лица загинаа, а 176 се ранети, рече тој, од кои многумина се во критична состојба.

Нападот се случи еден ден пред мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да пристигне во Исламабад за да започне разговори за финансирање на јужноазиската економија погодена од кризата. Официјални лица рекоа дека бомбашот ја активирал бомбата додека стотици луѓе биле наредени за да се молат.

„Најдовме траги од експлозив“, им рече Кан на новинарите, додавајќи дека очигледно имало безбедносно нарушување бидејќи бомбашот поминал низ најбезбедната област на комплексот. Во тек е истрага како напаѓачот пробил таков елитен безбедносен кордон и дали имал помош одвнатре.

Кан рече дека џамијата била преполна. Во неа имало околу 400 верници, а повеќето од загинатите се полицајци. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, најлошиот во Пешавар од март минатата година кога во самоубиствен напад на Исламската држава загинаа најмалку 58 лица во шиитска муслиманска џамија за време на петочната молитва.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кусари: Косовската Влада нема конфликт со САД за ЗСО

Следно

Франција и Австралија се договорија да произведуваат гранати од 155 милиметри за Украина

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop