Растат стравувањата за нова војна меѓу Индија и Пакистан

April 29, 2025
1 min read

Индија и Пакистан на раб на војна. Зголемен бројот на пресртелки меѓу двете нуклеарни држави. Дипломатски врски се прекинати а копнените и воздушните граници меѓу двете држави  – затворени. Односите меѓу двата соседи во јужниот дел на Азија дополнително се влошија по терористичкиот напад во хималјскиор регион Кашир, за кој двете држави, меѓусебно се обвинуваат.

„Нашиот источен сосед продолжува со обидите за експлоатација, нудејќи, бесмислени обвинувања. Пакистанската армија ќе одговори на сите напади на Индија.“ – Шабаз Шариф премиер на Пакистан.

Како и обично, најголемата цена ја плаќаат жителите и од двете страни на границата. Еден дел останале одвоени од својата фамилија, без да знаат кога повторно ќе бидат заедно. Од други пак било побарано веднаш да ги напуштат државите. Во меѓувреме, пакистанската влада порача дека ќе го смета за објава на војна секој обид на Индија да го блокира протокот на клучните реки, како казна за смртоносниот напад кој се случи минатата недела.

„Тука владее голема несигурност. Не знаеме што ќе се случи со нас. Жителите на Кашмир сакаат само едно нешто, а тоа е мир.“ – жител на Кашмир.

„На границатра ми кажаа дека само мојот син може да влезе во државата. Тој има само четири години и како може да очекуваат сам да ја мине границата. Мојата сопруга е од Пакистан и таа не смее да влезе во Индија.“ – Викрам Удаси жител на Индија.

„Ако има вода ќе има и просперитет, но ако нема, ќе умреме од глад.“ – Хомла Тхакур жител на Пакистан.

Една недела по терористичкиот напад во кашмир, индиската полиција ги уништи домовите на најмалку 10 лица и приведе уште дваесетина други под обвинение дека учествувале во нападот во хималајскиот регион, а во кој животот го загубија 26 лица. Индија го обвини пакистан дека ги поддржува бунтовниците кои стојат зад убиствата, обвинување, кое владата во Исламабад веднаш го отфрли.

Ова беше најголемиот напад во пограничната држава за која двете земји тврдат дека е нивна територија и за која, досега водеа две војни.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Семејствата на загинатите во „Пулс“ до функционерите и владата: Ќе молчевте и ќе се криевте ли да беа вашите деца“?

Следно

Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

Latest from Blog

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го
Go toTop