Распродадени сите билети за завршниот турнир во кошаркарската Евролига

February 27, 2025
1 min read

Распродадени се сите билети за фајналфорот на Евролигата, кој годинава ќе се игра во Абу Даби, соопштија денеска од седиштето на најквалитетното европско кошаркарско натпреварување.

Билетите за фајналфорот во Абу Даби се распродадени. За сите што успеаја да обезбедат билет, се гледаме во Абу Даби“, стои во соопштението на Евролигата на социјалната мрежа „Х“.

Фајнл-форот на Евролигата ќе се игра од 23 до 25 мај во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, што ќе биде првпат куп-натпреварите да се играат надвор од Европа, со исклучок на Тел Авив во 1994 година, бидејќи израелските клубови со децении играат во европските натпреварувања.

Натпреварите од фајналфорот ќе се играат на „Етихад арената“ која има капацитет од 18.000 седишта.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ на средба со Додик: Пресудата против претседателот Додик е насочена против Република Српска и против српскиот народ

Следно

ИОК ја призна новата Светска Боксерска федерација

Latest from Blog

Лукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна… За безбедност во мир!“

Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“. Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна…

Претседателот на Собранието Гаши на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, присуствуваше на централната манифестација во Охрид по повод Денот на Армијата – 18 Август. Во рамки на одбележувањето, претседателот Гаши ја упати својата благодарност до сите припадници

Проданоски: Сите ресурси се активирани за пожарот кај Чаниште

Пожарот што го зафати селото Чаниште и дел од околината во Мариовскиот регион претставува сериозен предизвик, но најважно е што во огнената стихија нема човечки жртви, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан
Go toTop