Раскол во Алијанса за Албанците

February 3, 2024
2 mins read

Алијанса за Албанците се подели, на социјалните мрежи Тараври, Лога, Села и Меџити ги потврдија шпекулациите за длабоката поделеност во партијата.   

Се започна откако актуелниот претседател на Алијанса, Арбен Таравари, на ФБ напиша дека бара поддршка од Централното собрание за да им се приклучат на опозициските партии на Албанците,  на што реагираше генералниот секретар на партијата и министер за правда Кренар Лога, кој напиша дека партијата веќе одлучила дека на изборите ќе оди самостојно.

„Имајќи ги предвид вредните и љубезни предлози на сите пријатели, членови и поддржувачи, избрав и да го слушам гласот на луѓето што денес зборува појасно од кога било. Граѓанинот бара Промена! Народот бара политички систем ослободен од корупциската епидемија, која стана најголема пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија. Како претседател на Алијансата за Албанците, јавно го повикувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно, да го поздравиме овој процес кој го нарекувам Голема и долго чекана промена!“, пишува Таравари.

Возврати Лога, кој напиша дека единствено засега донесена одлука е за самостоен изборен настап.

„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите. Во сила има одлука на Централното претседателство, кое е изгласано едногласно да излеземе на избори сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори“, напиша Лога на Фејсбук.

По Лога, со ФБ статус се јави и претседателот на Централното собрание и поранешен лидер на АА, Зијадин Села, кој го обвини Таравари дека има шверцерски тенденции и напиша дека тој како поединец не одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела. Села вели дека како претседател на Централното собрание на Алијансата за Албанците не е информиран за никаква понуда за коалиција со друга политичка партија.

„Од средбите што неодамна ги остварив со шефовите на ограноците и другите партиски структури, исто така, информиран сум дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на што треба да се одлучи. Обидите да се објасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги наружува идеолошките линии на Алијансата за Албанците“, напиша Села.

Во последното продолжение на ФБ раздорот на АА се појави и министерот за здравство Фатмир Меџити, кој е од редовите на АА. Тој го подржа Таравари споделувајќи ја неговата објава.

И потпретседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири, застана против претседателот на партијата Таравари.

„Чудна комуникација на партискиот лидер со партиските тела преку социјалните мрежи! Партиските тела се избираат легитимно! Суспендирањето од социјалните медиуми не му служи на духот на Алијансата што го изгради. Коалициските понуди сè уште не пристигнаа во партиските органи! Единствената одлука на раководството на партијата е Алијансата да излезе сама на избори“ напиша Азири.

И официјално расколот во Алијанса за Албанците доаѓа по средбите на Тараври со косовскиот премиер Курти, кој пред неколку дена во Приштина разговараше со албанската опозиција во Македонија, Билал Касами, Изет Меџити, Африм Гаши и Арбен Таравари и од каде излезе веста дека албанската опозиција за свој претседателски кандидат на претседателските избори во Македонија ќе го понуди токму Тараври. Инаку, лидерот на АА, Тараври завчера имаше средба и со претседателот на СДСМ, Димитар Ковчевски.   

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зијадин Села против Таравари: „Кукавички акт, се крши статутот на партијата!“

Следно

Малолетник во Берово со нож ѝ се заканувал на поранешната девојка

Latest from Blog

Почина славната актерка Брижит Бардо

Со светската слава се здоби со филмот „И Бог создаде жена“ од 1956 година, а во следните две децении се сметаше за секс симбол. На почетокот на 70-тите години, таа се повлече

Слот: Нашите навивачи покажаа најголема почит

фото: AB (X) Арне Слот зборуваше по победата на Ливерпул од 2-1 над Вулверхемптон во 18-то коло од англиската Премиер-лига. „Среќен сум затоа што во фудбалот најважен е резултатот. Оваа сезона често

Русија објави дека зазела шест населени места во југоисточна Украина

Министерството за одбрана на Русија денес објави дека руските трупи ја презеле контролата врз четири населби во Донецк и две населби во Запорожјето во југоисточна Украина. Во соопштението се наведува дека руските
Go toTop