Расчистен сообраќајниот метеж во Маврово: Полицијата со апел до возачите за да не се повтори вчерашниот хаос

January 6, 2025
1 min read

Секторот за внатрешни работи Тетово ја известува јавноста дека сообраќајот во Маврово е нормализиран и се одвива без проблеми.

Согласно годишниот план за постапување во зимски услови, на подрачјето на Маврово е воведен кружен тек на движење на возилата за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Но, поради непочитување на правилата и препораките, во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во одвивањето на сообраќајот.

За да се надминат проблемите и да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во Маврово, ОВР Гостивар дополнително ангажираше дваесетина полициски службеници од другите полициски одделенија за да со физичко регулирање на сообраќајот се надминат проблемите, што беше и направено.

СВР Тетово апелира до граѓаните, да ги почитуваат сите правила и прописи во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници во врска со поставениот сообраќаен режим и да се движат согласно предвидените правила, да не тргнуваат во правец на Маврово и Попова Шапка со летни гуми и без соодветна зимска опрема, затоа што на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот.

-Апелираме до возачите да придонесеме сите заедно за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, велат од СВР Тетово.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Додик: Ќе продолжиме до крај, ќе се отцепиме од Босна и Херцеговина

Следно

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одбележа Бадник

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop