Рамадани во СТУДИО 10: Се надевам дека новата влада повеќе ќе се грижи за граѓаните отколку за своите привилегии

May 9, 2024
1 min read

Самиот факт што сите актери во изборите ги признаа резултатите тоа значи дека сме веќе еманципирани да се спроведат избори како што треба и сигурно ќе добиеме добра оценка од ОБСР/ОДИХР, па во целина треба да бидеме задоволни, вели аналитичарот Исмет Рамадани во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Јавен повик од Европскиот фронт кон членството и симпатизерите да се бојкотираат претседателските избори немаше, оти тоа не се прифаќа во земјите членки на ЕУ. Но, факт е дека имало случаи да не се зема ливчето за претседателски избори за што набљудувачите веќе имаат поднесено извештај. Мислам дека треба да им се даде и тоа право на граѓаните, доколку не сакаат да гласаат за понудените личности, вели Рамадани и додава дека сепак граѓаните постапија зрело на овие избори.

Рамадани вели дека кога би имало организиран бојкот ќе имавме ситуации кои ќе беа дискутабилни, но тоа не се случи.

– Она што малку ме загрижува е што овој пат е поразена либерал демократијата односно социјал демократијата што е и европски тренд. Ако е поразена социјал демократијата како идеолошка димензија тогаш вината е кај луѓето кои се декларираат како припадници на таа опција. Се надевам дека победниците и тие кои ќе ја состават владата повеќе ќе се грижат како ќе ја водат државата отколку со привилегиите што ќе ги добијат. Имавме гарнитура која уживаше во привилегиите што ги дава власта, но тоа ѝ стана приоритет пред потребите на граѓаните. Новата влада треба да се насочи кон ЕУ, а и вокабуларот се смени уште од синоќа што значи дека се свесни за одговорностите што стоојат пред нив, вели Рамадани.

Тој додава дека партија која има 59 пратеници нема да има проблем да состави влада, но во однос на албанскиот блок работите ќе бидат потензични оти имаме победа на ДУИ, но и одличен резултат на Влен со разлика од само 6 пратеници споредено со ДУИ. 

– Се надевам дека ќе се најде начин да се реши ова, наместо да се предизвикува политичка криза. Знам дека е сигурен партнер е Влен. Но низ кампањата имаше работи кои се споменуваа и прашање е како ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го амортизира, вели Рамадани.

 

 

 

 

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Европа го слави денот на европскиот мир и единство

Следно

Астразенека ја повлекува вакцината против ковид-19 од цел свет

Latest from Blog

Ердоган: „Новиот потег на американскиот претседател за прекин на огнот во Газа е задоцнет, но важен чекор“

АНКАРА (АА) – Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.

Мицкоски: Планот за чист воздух на СДСМ беше најден со метар прашина, сами не можеле да го најдат

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања потенцираше дека минатата власт не оставила ниту проекти, ниту пари за изградба на когенеративни централи, додека планот за чист воздух

Славески до приватните превозници: Немојте да наседнувате на манипулациите на Арсовска, таа е непредвидлива жена.

Тој додаде дека доколку ситуацијата ескалира поради инаетот на Арсовска, Владата, бидејќи е прогласена вонредна состојба, има мерки, има инструменти да го да го реши овој проблем, со тоа што ќе им
Go toTop