Рама по трагичната вест за тројцата американски војници: Албанија секогаш стои до САД

March 31, 2025
1 min read

Албанскиот премиер Еди Рама вечерва реагираше по трагичната вест дека во Литванија се пронајдени телата на тројца исчезнати американски војници.

Во објава на социјалната мрежа Икс напиша дека „молитвите и мислите се со семејствата на жртвите“ и додава дека „Албанија како и секогаш стои покрај САД“.

„Трагични вести од Литванија. Загубата на американските војници за време на неодамнешната воена вежба е болен потсетник за ризиците што ги преземаат оние што служат во армија. Нашите мисли и молитви се со нивните семејства. Како и секогаш, Албанија стои до Соединетите Американски Држави и нивниот врховен командант“, напиша Рама.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Павловска – Циги во Аргумент плус: Корупцијата не труе и го убива и она малку вредно што го имаме како држава

Следно

Германски ски-скокач се повлече од натпреварувањето поради страв од висина

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и
Go toTop