Павловска – Циги во Аргумент плус: Корупцијата не труе и го убива и она малку вредно што го имаме како држава

March 31, 2025
1 min read

Архитектката Даница Павловска – Циги во Аргумент плус рече дека покрај тоа што се обвинуваат системот и државата, треба да се обрне внимание и на човечкиот фактор кој го сочинува тој систем.

Таа објасни и дека Инспекторатот за домување треба почесто да прави проверки во сите објекти за домување.

„Лесно е да се обвинува системот и државата но тоа се организирани структури и ако треба некој да се обвини тоа се тие што го сочинуваат тој систем а тоа е човечкиот фактор. Ниедна корупција не треба да се негува но оваа нас што не труе го уништува и она малку вредно што го имаме како држава. Апелирам да се разбудиме како луѓе, како единки и ако делуваме секаде и секогаш ќе почнеме да правиме промени и ќе направиме нешто“, рече Павловска.

Таа објасни и дека Инспекторатот за домување треба почесто да прави проверки во сите објекти за домување со цел да се има поголема безбедност.

„Порано се правеа симулации за пожари за земјотреси. Инспекторатот за домување е задолжен да ги проверува на нашите домови и тие мора редовно да следат ситуација, не работи хидрантот тоа мора да се регистрира и евидентира. И ако е добра организацијата тоа се надминува. Не може да немаме заштита. Сигурно и безбедно користење на просторот. Ако цревата се крадат може да се најде начин да се заштитат. ПП апаратите да бидат достапни, план за евакуација да има. Мора градинките и училиштата да се безбедни“, додаде Павловска.

Таа апелираше да се направи спомен белег на жртвите во трагедијата во Кочани.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

ПО СКАНДАЛОТ: Се огласи раководството на ФК Шкендија, длабокa жал за жртвите во Кочани

Следно

Рама по трагичната вест за тројцата американски војници: Албанија секогаш стои до САД

Latest from Blog

Проданоски најави редовни отворени денови за прием на граѓани

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината. Како

Енергетика 24: Македонија води во усогласување со европската енергетска политика, Црна Гора веднаш зад неа

Аналитичка оценка на извештаите на Европската комисија за 2025 година Најновите извештаи на Европската комисија за напредокот на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија во 2025 година

Чаби Алонсо: Не сме во криза

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е премногу загрижен, и покрај двата последователни порази на неговиот тим. „Кралевите“ прво загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите, а потоа забележаа реми 0-0

Судир на два воза во Словачка – има повредени

Два воза се судрија во неделата навечер во Словачка, откако едниот удрил во задниот дел на другиот, при што беа повредени десетици патници, соопштија властите. Единаесет лица се пренесени во болница, а

Најлошите навики на секој хороскопски знак

Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот. Oва се најлошите навики на секој знак: Овен – Нестрпливост Импулсивни се и брзо
Go toTop