Рама: Неопходна е мировна конференција, за кризата во Косово да не прерасне во дестабилизирачки пожар за целиот регион

September 24, 2023
1 min read

ТИРАНА (АА) – Премиерот на Албанија, Еди Рама, ја повика евроатлантската заедница да свика вонредна мировна конференција за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата во Косово и да се сочува мирот во регионот, пренесува Анадолу.

„Трагедијата на загуба на животот на службеникот на косовската полиција е најголемо ѕвоно за узбуна досега од континуираниот ризик, долготрајната криза да ескалира во вооружен судир. Злосторниците кои го одзедоа животот на недолжен човек, кој служел во државна униформа на силите за спроведување на законот во Република Косово, мораат да бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Рама во објавата на социјалната мрежа Х, по информациите за убиството на припадникот на Полицијата на Косово во селото Бањска, во општина Звечан.

Рама додаде дека „евроатлантската заедница мора да ја собере сета своја импозантна моќ и на масата за дијалог за нормализација, да ги седне Косово и Србија.“

„Свикување на вонредна мировна конференција, под надзор и гаранции на Европската унија и САД, и истовремено преземање на сите вонредни мерки со КФОР, за да се спречи понатамошна ескалација на ситуацијата. Ова е стратешки неопходно, не само заради редот и безбедноста на Косово денес, туку и за утрешниот мир и иднината на регионот, пред продолжената криза во северниот дел на Косово да се оттргне од контрола и да прерасне во дестабилизирачки пожар за целиот регион“, порача Рама.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов протест пред Влада за случајот „Онкологија“

Следно

Борел: Го осудувам ужасниот напад на вооружената банда врз службениците на косовската полиција во Бањска

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop