Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплатува патарина

February 25, 2025
1 min read

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплатува патарина.

Ова го објави како „поволна  вест” албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните, неговиот поткаст,  “Очи во очи” на Фејсбук.

-Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплатува патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата, рече Рама.

Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.

– Со пуштањето на тунелот на 14 март,  од преминот „Блато“ до Тирана, ќе се стигнува за еден час, бидејќи  го прави достапен целиот автопат, кој е во должина од 74 километри, објави претходно Белинда Балуку, вицепремиерка, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија.

Пред изградбата на автопатот оддалеченоста од ГП „Блато” до Тирана беше 180 километри, а сообраќајот се одвиваше по лоша патна инфраструктура.

Подобрената патна инфраструктура од двете страни на границата,  на македонска, целосна реконструкција на патот од Маврови-Анови до Дебар, ја зголеми фреквенцијата на сообраќајот и на самиот премин.

Како што за МИА потврдија од  МВР, минатата година на влез и излез регистрирани биле 834.345 патници, од нив странски 672.062 и 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 120.086 патници. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Мицкоски најави: Изградба на секундарна мрежа на гас и топловодна мрежа која ќе стигне до домаќинствата по исклучително поволни услови

Следно

Владата на Мицкоски „слепа при очи“ за документите на СДСМ за Меџити, тврди дека министерот бил „чист како солза“

Latest from Blog

Божиновска: Продолжуваме со транспарентно спроведување на реформите и европската агенда

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска учествуваше на состанокот на високо ниво со ДГ ЕНЕСТ и тимот на Инвестициска рамка за Западен Балкан (WBIF), како дел од мониторинг

МБИ10 загуби 31 поен, инвеститорите најактивни кај Алкалоид, Телеком и Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.06.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.620,48 поени. Во однос

Денеска на Мундијалот: Стартува 3.коло во групната фаза, БиХ оди на победа за пласман во 1/16 финалето

ФОТО:.facebook.com/nfsbih/ Пред нас е стартот на 3.коло од групната фаза на Мундијалот. Коло по кое ќе се знаат и официајално сите учесници во 1/16 финалето, како и двојките. На програмата се дури

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да
Go toTop