Ралев во Аргумент плус: Денешната состојба на Скопје отскокнува од општата дефиниција за градот, човечката катастрофа го уназади

February 19, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор и архитект Мишко Ралев во Аргумент плус рече дека, денешната состојба на Скопје отскокнува од општата дефиниција за градот. Според него, градот треба да е културен, административен, образовен и индустриски центар кој бара добра организација, но во моментов таа отсуствува. Тој рече и дека досега не добил понуда од никој за градоначалничка трка на локалните избори.

„После земјотресот Скопје требаше да биде светски пример како град кој некаква катастрофа во тој момент може со паметна, научна и експертска мисла и планирање да се врати и да стане поголем,  покомплексен и помодредерн да стане пример, а денеска нас не ни треба природна катастрофа нашата човечка катастрофа го уназади. Ние на хартија имаме функции  но се слабо поврзани и слабо фукционираат. Животот стана се потежок“, изјави Ралев.

Тој зборуваше и за тоа дека градоначалникот на град Скопје треба да биде миротворец и да има соработка и поддршка и од советниците и од власта.

„Ако зборуваме за избран независен кандидат. Каква е таа независнот. Нема кохабитација. Што значи независен , дали е лична суета. Треба кохабитација со Советот. Прво треба градоначалникот да биде миротворец и да биде личност што може да ги надмине антагонизмите меѓу групите. Мора да сфатиме дека автобусот, паркот, тротоарите и воздухоте се за сите нас без ралика од која партија сме “, рече Ралев и додаде дека можеби треба да се размисли за зголемување на мандатот на градоначалникот.

Ралев објасни и дека досега нема добиено никаква понуда за градоначалничката трга на локалните избори кој треба да се одржат годинава.

„Тоа е интересен предизвик и сега во овој момент не би можел да кажам, до сега немам никакви понуди. Искрено пред вас и пред публиката немам досега никаква понуда и од независните и од зависните но тоа е предизвик и човек не треба така лесно да поминува преку предизвиците“, додаде Ралев.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Мукаетов и ракометарите на прием во американската Амбасада

Следно

Париз домаќин на уште еден состанок за Украина

Latest from Blog

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера
Go toTop