Радев: Нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија

October 13, 2024
1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека нема потреба од посредништво во разговорите меѓу Скопје и Софија, за продоложувањето на преговорите на земјава, јави БТА.

На прашањето да даде коментар на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека е подготвен да води преговори со бугарскиот претседател, Радев рече дека отсекогаш бил отворен за дијалог, но, според него, треба да се прави разлика меѓу дијалог и преговори.

– Преговорите меѓу Бугарија и Македонија завршија во јули 2022 година, кога двете земји го потпишаа билатералниот протокол за договорот за добрососедство. Ако зборуваме за дијалог, тој треба да се води меѓу Македонија и Европската комисија и тоа врз основа на прифатената Преговорачка рамка за Македонија, која со консензус, едногласно е усвоена од сите земји членки на ЕУ и е прифатена од Владата на Македонија, рече Радев во изјава за бугарски медиуми.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЖРК Ѓорче Петров елиминиран од Европската Лига

Следно

Косово ќе поднесе жалба до УЕФА поради Лигата на Нации

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop