Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

May 11, 2025
1 min read

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека е изненадувачки што оние што се сметаат за најголеми демократи се противат на референдум за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година.

Во денешна објава на Фејсбук, тој нагласи дека пратениците треба да ги исполнат обврските не само кон еврозоната, туку и кон демократијата и бугарскиот народ. Радев го критикуваше отфрлањето на неговиот предлог за референдум со прашањето: „Дали сте согласни еврото да се воведе од 1 јануари 2026 година?“, наместо да се усвои парламентарна декларација за датумот.

Во петокот, Радев најави дека ќе поднесе предлог за национален референдум, што наиде на остра реакција од ГЕРБ-СДС, ПП-ДБ и ДПС-Ново начало, но беше поддржано од партиите „Преродба“, „Величина“, ИТН и МЕЧ. Вчера, тој појасни дека не е против еврото, туку против предложениот датум, со цел граѓаните да бидат подобро подготвени.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бујар Османи: Се чепне ли јазикот, нема веќе Рамковен договор

Следно

Маричиќ: Директната комуникација со Бугарија мора да се случи, не можеме да очекуваме некој друг да ни го реши проблемот

Latest from Blog

Кина со жестоки критики кон САД пред пристигнувањето на Трамп: Престанете да нѐ оцрнувате

Да ве потсетиме дека минатата недела американскиот Стејт департмент санкционираше десет лица и компании од Кина и Хонг Конг, обвинувајќи ги дека директно ѝ помагаат на иранската армија. Овој потег на Вашингтон

Се готви ребаланс на Буџетот, Димитриеска-Кочоска ги почна состаноците со ресорните министри

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на социјалните мрежи информира дека денеска ги започнала состаноците со ресорните министри за подготовка на ребаланс на Буџетот за 2026 година. Прв на средба со
Go toTop