Радари и цивилни патроли низ Скопје во три смени – Експерти: Мерките се задоцнети, неказнивоста носи трагични последици

February 5, 2025
1 min read

Полицијата ги засили контролите во главниот град. Сите полициски станици најавуваат засилени контроли и строги санкции за возачите што ја пречекоруваат дозволената брзина. Старите мобилни радари што ги поседуваат се насекаде низ скопските улици, а од СВР велат дека на терен работат во три смени се  и новите цивилни возила со поставени радари над возилата.

„Нашата телевизиска екипа денеска ќе биде на терен заедно со полицијата, поточно сектор за сообраќај, кои ќе вршат патрола низ улиците на главниот град. Внимателно ќе ја следиме нивната работа, како започнува работното време, како ја земаат опремата и командите и потоа се распределуваат низ улиците, со цел да ги видиме сообраќајни прекршоци но и други случаи кои се јавуваат во текот на денот“, вели репортерот на ТВ21.

Од МВР информираат дека низ целата држава се спроведуваат засилени мерки за контрола на сообраќајот. Во изминатите 24 часа полицијата изрекла стотици казни за пребрзо возење, а на десетици возачи им биле одземени дозволите. Според важечкиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, казните за вакви прекршоци се движат од 20 до 500 евра.

Но, сообраќајните експерти предупредуваат дека овие мерки доаѓаат предоцна, бидејќи секоја година во сообраќајни несреќи гинат меѓу 120 и 150 лица. Сообраќајниот инженер Игор Митровски посочува дека, иако законот предвидува затворски казни од 4 до 20 години, судовите најчесто изрекуваат минимални санкции, а некои предмети дури и се пренасочуваат. Тој нагласува дека неказнивоста често води до трагични последици, како несреќата во која 20-годишниот Васил Јованов, под дејство на алкохол и без возачка дозвола, со 130 километри на час помина на црвено и усмрти 22-годишната Фросина.

Исто така, се очекува интегрираниот систем на камери за брзина, кои се поставени низ цело Скопје, но сè уште не се активирани, да придонесе за поголема безбедност во сообраќајот. Иако надлежните повеќепати најавија нивно скоро пуштање во употреба, тоа сè уште не е возможно поради неопходните законски измени за кои работна група ќе започне да работи в петок во законодавниот дом.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Балетското ремек дело „Есмералда“ премиерно на сцената на Националната опера и балет

Следно

Јанев: Интерпол во нас препознава кредибилен партнер за соработка

Latest from Blog

Руте одговори на критиките на Трамп за НАТО

Руте нагласи дека европските земји се подготвени да „се соберат и да разговараат“ какви конкретни чекори можат да преземат за да го одржат теснецот отворен и безбеден за меѓународен сообраќај. Неговата изјава

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Лимани: Потпишан историски колективен договор, платите растат до 21 отсто

Министерството за социјална политика, демографија и млади, Синдикатот на администрацијата, државната управа и правосудството (САДУ) и Синдикалната организација на Министерството денеска потпишаа колективен договор за вработените, прв од ваков вид во Министерството.

Берзански ден со мешани резултати: Промет од 16,34 милиони денари, Макстил во минус, Стопанска и Уни Банка со раст

Изготвен од Илирика Инвестментs АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 26 март 2026 година, индексот МБИ10 оствари раст од 0,02% и заврши на 9.948,04
Go toTop