Рачна граната експлодирала во дворот на Општината Северна Митровица

June 27, 2023
1 min read

Нема извештаи за повредени лица, освен за материјална штета врз две службени возила

Фото: МИА

Рачна граната експлодира синоќа во дворот на општината во Северна Митровица, во косовската област населена со мнозинско српско население, причинувајќи единствено материјална штета, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата за експлозијата во дворот на општината, при што се оштетени две службени возила на косовската полиција, во изјава за медиумите ја потврди полицискиот портпарол, Баки Кељани.

„Доцна синоќа непознат/и сторител/и извршија напад со експлозивно средство врз општина Северна Митровица. Врз основа на службените информации, постојат сомневања дека во дворот на општинскиот објект во Митровица, близу влезот на објектот е фрлено експлозивно средство, за кое се претпоставува дека е рачна граната, при што е причинета материјална штета врз полициски возила. За среќа нема извештаи за повредени лица, освен за материјална штета врз две службени возила. Во консултација со надлежен обвинител поткренат е случај за „извршување терористичко дело“,

се вели во изјавата на Кељани.

Во северно Косово во последно време зачестија нападите со шок-бомби, рачни гранати и камења, главно врз објектите на четирите тамошни општини и полициските патроли, откако косовските власти извршија апсење на неколкумина водачи на локалните Срби, осомничени за терористички дела, меѓу кои напади врз новинари, врз припадници на полицијата и на Меѓународните мировни сили во Косово, КФОР.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Само е прашање на време и кибрит кога ќе забранат

Следно

ПОЧИНА РЕЖИСЕРКАТА ВИОЛЕТА ЏОЛЕВА

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop