Работи радарот на скопскиот Аеродром, според Мицкоски, лага е дека е вон функција

December 14, 2025
1 min read

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека радарските системи за контрола на летање функционираат нормално и дека во јавноста се пласираат неточни информации за наводен прекин на нивната работа.

„Си работат радарите, сè си е функционално. Сè си функционира нормално“, рече Мицкоски, обвинувајќи ја опозицијата дека намерно шири дезинформации и создава непотребна паника кај граѓаните.

Изјавата на премиерот доаѓа по информациите дека македонското небо повторно е без радарска покриеност, што според достапните податоци требало да трае до околу 11:30 часот.

Според информациите од дел од медиумите, ваквите прекини значат доцнења од околу еден до еден и пол час за авионите, како при слетување, така и при полетување, што има директно влијание врз авиосообраќајот.

И покрај овие информации, од Владата уверуваат дека безбедноста на авиосообраќајот не е доведена во прашање и дека системите функционираат согласно процедурите, додека опозицијата, според Мицкоски, свесно пласира неточни тврдења за политички поени.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Невидени проблеми: Алонсо нема со кого на едно од најтешките гостувања

Следно

Голем неделен хороскоп од 15 до 21 декември

Latest from Blog

На трибините и на теренот се чудеа, но судијата за овие фаули досуди четири пенали на Македонија У21 – Русија У21 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби со 2:3 од врсниците од Русија во пријателски меч кој се играше во Скопје. Дуелот ќе се памти по четирите пенали кои беа досудени, по
Go toTop