Путин: „Вагнер“ законски не постои

July 14, 2023
1 min read

Путин потврди дека остварил средба со водачот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин и 35 негови приврзаници – пет дена откако неговата група се обиде да направи пуч во земјата

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека приватната платеничката група „Вагнер“ законски не постои, бидејќи во Русија не постои закон за приватни воени организации, јавуваат руските медиуми.

„Вагнер не постои. Не постои закон за приватни воени организации. Групата правно не постои“,

истакнал Путин за „Комерсант“.

Тој посочил и дека на руската влада и парламентот е да разговараат за правната рамка за приватните воени формации.

Путин потврди дека остварил средба со водачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин и 35 негови приврзаници, на 29 јуни, пет дена откако неговата група се обиде да направи пуч во земјата. Состанокот траел три часа.

На средбата со „вагнеровци“, рускиот претседател дал оценка за нивното дејство во Украина, но и за тоа што направиле за време на настаните од 24 јуни. Трето, Путин вели дека дал можни опции за понатамошен премин на нивната натамошна служба.

Пред речиси еден месец, групата „Вагнер“ под лидерство на Евгениј Пригожин, револтирани од однесувањето на високи руски офицери и министерот за одбрана, зазеде контрола врз неколку града во Русија.

Пучот на Пригожин траеше кратко откако со посредништво со белорускиот претседател Лукашенко беше постигнато решение – тенковите и војниците на „Вагнер“ да запрат на 200 километри од главниот град Москва.

Лукашенко ги покани „вагнеровци“ да ја обучуваат белоруската армија

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Путин: Уверен сум дека (со членството во НАТО) нема да се зголеми безбедноста на Украина

Следно

Нани се врати во Европа

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop