Путин упати порака со сочувство по земјотресот што ја потресе Туркије

February 6, 2023
1 min read

МОСКВА – Претседателот на Русија Владимир Путин упати телеграма со сочувство до претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган по земјотресот со интензитет од 7,4 степени кој ги потресе јужните делови на Туркије, известува Анадолу.

Кремљ соопшти дека претседателот Путин испратил телеграма до претседателот Ердоган во која му изразува сочувство за загинатите во катастрофалниот земјотрес.

„Примите мое длабоко сочувство поради човечките жртви и големите уништувања предизвикани од земјотресот кој ја потресе вашата држава. Сакам да го пренесете моето најдлабоко сочувство и до семејствата и роднините на загинатите. Им посакувам брзо закрепнување на повредените. Подготвени сме да ја пружиме неопходната помош“, вели Путин во телеграмата.

Најмалку 284 лица загинаа, а 2.323 се повредени во 10 турски области во земјотресот со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала што ова утро ги потресе јужните делови на Туркије.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: Бројот на загинати во земјотресот порасна на 912

Следно

Поставени заштитни столпчиња на неколку локации во Капиштец

Latest from Blog

Земјотрес го погоди Санторини

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во 02:25 часот наутро во близина на грчкиот остров Санторини. Според податоците од Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина, епицентарот

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со тешкотии при усвојувањето на законот на Трамп

Републиканците во американскиот Конгрес се соочуваат со предизвици во обидот да го усвојат пакетот намалувања на даноците и буџетот од претседателот Доналд Трамп, кој инсистира законот да биде усвоен до утре, 4

Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението

Основниот суд Куманово донесе пресуда со која обвинението против кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се одбива, бидејќи јавниот обвинител се откажал од обвинението, соопшти кумановскиот суд. -Основниот суд Куманово заради интерес на јавноста
Go toTop