Путин: Украина започна контраофанзива, но e неуспешна

June 9, 2023
1 min read

Има се повеќе знаци дека украинската контраофанзива навистина е започната. Главниот фокус на борбите останува во источна Украина, рече Киев, а судирите на југ, исто така, укажуваат на тоа дека украинските сили ја започнаа долгоочекуваната офанзива

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на конференција во Сочи изјави дека Украина започнала контраофанзива, но дека таа не била успешна.

„Офанзивата на вооружените сили на Украина започна. Ова ја покажува употребата на стратешки резерви. Украинските трупи не ги постигнаа своите цели во ниту еден сектор – благодарение на храброста на руските војници и нашата добра организација на војниците“,

рече тој.

Има се повеќе знаци дека украинската контраофанзива навистина е започната. Главниот фокус на борбите останува во источна Украина, рече Киев, а судирите на југ, исто така, укажуваат на тоа дека украинските сили ја започнаа долгоочекуваната офанзива.

„Ситуацијата е напната во сите области на линијата на фронтот. Истокот е епицентарот. Непријателот продолжува да ги насочува главните напори во правец на Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка, жестоките борби продолжуваат“,

напиша украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар на Телеграм.

Малиар рече дека украинските сили ги одбиваат руските напади. Серхиј Череваџи, портпарол на Источната воена команда на Украина, изјави дека украинските сили напреднале 1,2 километри во близина на Бахмут во последните 24 часа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Ковачевски во 360°: Зошто ги свика Извршниот и Централниот одбор на СДСМ?

Следно

Шести протест против насилството во Белград: Луѓе пристигнуваат пред Собранието на Србија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop