Путин со декрет легализираше депортација на жителите на анектираните територии кои одбиваат да земат руско државјанство

April 28, 2023
1 min read

Во уредбата се наведува дека оние граѓани кои „изразуваат желба да го задржат постојното државјанство или да останат без државјанство“, а не стекнале руско државјанство – ќе се сметаат за странци од 1 јули 2024 година. Жителите на анектираните територии на кои им е даден статус на странец или лице без државјанство и кои ја загрозуваат „руската националната безбедност“, може да бидат предмет на депортација од Русија

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се дозволува депортација на жителите на анектираните украински територии кои ќе одбијат да земат руско државјанство.

Во уредбата, која ја цитира сервисот на Радио Слободна Европа на англиски јазик, се вели дека Украинците кои живеат на четирите украински територии припоени од Русија (Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје) мора или да станат руски државјани или официјално да одбијат да го сторат тоа.

Оние граѓани кои „изразуваат желба да го задржат постојното државјанство или да останат без државјанство“, а не стекнале руско државјанство – ќе се сметаат за странци од 1 јули 2024 година.

Жителите на анектираните територии на кои им е даден статус на странец или лице без државјанство и кои ја загрозуваат „руската националната безбедност“, може да бидат предмет на депортација од Русија.

„Оние кои претставуваат закана за националната безбедност, се залагаат за насилна промена на основите на уставниот поредок, финансираат тероризам и екстремистички активности или учествуваат во неовластени дејствија, може да бидат депортирани“,

се вели во декретот цитиран од РСЕ.

Во декретот се наведува дека како странци ќе се сметаат и луѓето кои живеат на окупираните територии на Украина на денот кога биле анектирани и граѓаните кои претходно живееле на тие територии и се преселиле во Русија, но изразиле желба да го задржат своето украинско државјанство.

Минатата година официјална Москва одржа референдуми во четирите украински региони Луганск, Донецк, Херсон и Запорожје, чии резултати беа отфрлени од меѓународната заедница. Сепак, по референдумите Путин потпиша документи со кои се официјализира анексијата на овие територии кои се под окупација на руските сили.

Четирите региони заедно со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година, сочинуваат околу 20 отсто од територијата на Украина и содржат некои од најиндустриските делови на земјата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вечерва во 360°: Судска наредба за прислушување – затворените плика одат во историја, ги заменува дигитален систем

Следно

51. Мајски оперски вечери од 9-31 мај: Одбележување на 210 години од раѓањето на великанот на оперската уметност, Џузепе Верди

Latest from Blog

ЕБОР: Индустриските политики се почесто се користат и во економиите со помал административен и фискален капацитет

Индустриските политики бележат оживување и нивната растечка популарност е примарно обликувана од домашните политичко-економски услови и од растечките геополитички тензии. Иако овие политики обично се применуваат во економиите во повисоки приходи, се

Талевски во 24 анализа: ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата од Кочани и си го покажаа вистинското лице

Пратеникот од СДСМ, Миле Талевски во 24 анализа рече дека, со тоа што ВМРО-ДПМНЕ не го гласаа Законот за поддршка на семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во Кочани си го

НА ЦРНИОТ ПАЗАР ВО КАН БИЛЕТИТЕ ЗА ПРЕМИЕРИТЕ СО ЦРВЕН КИЛИМ И ЗАБАВИТЕ СЕ ПРОДАВААТ ЗА 6.000 ДОЛАРИ

Црниот пазар за забавите и свечените премиери на Канскиот филмскИ фестивал е жив и здрав, според листата што ја виде филмското списание „Скриндејли“. Една од најскапите понуди е пар билети за премиерата
Go toTop