Путин обвини дека Западот и Киев сакале Русите да се убиваат едни со други

June 26, 2023
1 min read

Во своето обраќање, кое го пренесува Би-би-си, Путин кажа дека највисоката консолидација на општеството, извршната и законодавната власт во Русија била покажана на сите нивоа, а граѓанската солидарност покажала оти секоја уцена или обид за организирање внатрешни немири во Русија се осудени на пропаст

Западот и Украина сакаат Русите да се убиваат едни со други, обвини рускиот претседател Владимир Путин во своето телевизиско обраќање до јавноста откако на 24 јуни руската платеничка воена група „Вагнер“ започна бунт во област недалеку од Москва, кој подоцна заврши со повлекување на војниците.

„Оние кои го организираа ‘бунтот’ сакаа Русија да изгуби, а нашето општество да се удави во крв, но погрешно проценија“,

рече рускиот претседател во обраќањето до јавноста.

Рускиот претседател во телевизиско обраќање до јавноста Aрхива: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Во своето обраќање, кое го пренесува Би-би-си, Путин кажа дека највисоката консолидација на општеството, извршната и законодавната власт во Русија била покажана на сите нивоа, а граѓанската солидарност покажала оти секоја уцена или обид за организирање внатрешни немири во Русија се осудени на пропаст.

Тој им се заблагодари на војниците и на командантите на платеничката група „Вагнер“ оти донеле правилна одлука и го запреле нивниот бунт, притоа не дозволувајќи да дојде до, како што рече, братоубиствено крвопролевање.

„Уште на самиот почеток беа донесени сите неопходни одлуки за неутрализирање на заканата и бунтот во секој случај ќе беше потиснат, но организаторите сфатија дека нивните постапки се криминални“,

рече рускиот претседател.

Додаде дека поголемиот дел од припадницте на „Вагнер“ се руски патриоти и рече дека војниците од оваа платеничка група имаат можност да продолжат да ѝ служат на Русија и да склучат договор Министерството за одбрана или оние кои сакаат, да се преселат во Белорусија.

За време на своето петминутно обраќање, рускиот претседател не го спомна името на основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин – кој, пак, претходно денеска за првпат се обрати по бунтот во саботата.

Во видеопораката објавена на Телеграм, Пригожин кажа дека целта на бунтот на неговите војници била да се нагласи неспособноста на руското воено законодавство во војната против Украина и да се избегне уништувањето на групата „Вагнер“, а не да се собори руското раководство.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Внукот на Ахмети со нула денари добива 39% од „Соравиа“ која должи 20 милиони евра

Следно

Волстрит падна на почетокот на новата недела

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop