Путин нема да биде дел од мировните преговори во Истанбул

May 15, 2025
1 min read

Планираните разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за втората половина од денот на иницијатива на турската страна. Ова го соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. 

„Како што е речено во повеќе наврати, руската страна е подготвена за сериозни преговори, а делегацијата на Русија пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа.“ – Марија Захарова портпаролка на руското министерство за надворешни работи.

Според неа, руската страна е подготвена да ги продолжи разговорите, но имајќи го предвид предлогот на домаќинот, датумот е одложен за подоцна во текот на денот. Моментално нема официјални информации за новиот термин за почеток на преговорите. Се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да донесе одлука за тоа дали да учествува во разговорите по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Украина е во контакт со делегацијата на САД во врска со разговорите со Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски откако пристигна во Анкара. 

„Официјално, не сум запознаен за нивото на застапеност на Русите. Но, од она што го видовме, тие изгледаат како заменски реквизити.“ – Володимир Зеленски претседател на Украина. 

Американскиот државен секретар Марко Рубио смета дека конфликтот меѓу Русија и Украина не може да се реши со воени средства. 

„Нема воено решение за конфликтот меѓу Русија и Украина. Оваа војна нема да биде завршена воено, туку дипломатски.“ – Марко Рубио државен секретар на САД.

За денеска во Истанбул се закажани преговори меѓу делегациите на Русија и Украина за прекин на огнот, чиј датум на почеток не е прецизиран, а кои беа организирани по предлог на рускиот претседател Владимир Путин. Иако во медиумите се шпекулираше дека Путин можеби лично ќе присуствува на преговорите, тој доцна синоќа објави дека руската делегација ќе вклучува помошници и заменик-министри, а ќе ја предводи неговиот советник Владимир Медински.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кошта за гаранциите од ЕУ за Македонија: Треба да се испорача договореното и нема простор да се бара нешто повеќе

Следно

Излеани хемикалии во скопска Пинтија – на терен инспектори, напишаа казна од 45 илјади евра и затворање на погонот!

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop