Путин го зголеми бројот на војници во руската армија за 180.000

September 16, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за зголемување на бројот на војници во руската армија за околу 180.000, известува Анадолу.

Бројот на воениот персонал на Русија се зголеми на повеќе од 2,3 милиони.

Според указот потпишан од Путин и објавен во рускиот државен правен информативен систем, бројот на персоналот на Вооружените сили на Русија е утврден на 2.389.130 лица, вклучително и 1,5 милиони војници.

Одлуката ќе стапи во сила на 1 декември.

Со указот потпишан во декември 2023 година Путин го зголеми бројот на персоналот во руската војска на повеќе од 2,2 милиони, вклучително и повеќе од 1,3 милиони војници.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерот Муцунски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот резидентен координатор на ОН во земјата Рита Колумбиа

Следно

У17: Македонските фудбалерки го освоија второто место на турнирот во Италија

Latest from Blog

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop