Путин го смени Шојгу

May 13, 2024
1 min read

Нов министер за одбрана е Андреј Белоусов, цивил кој претходно беше на позицијата прв заменик премиер чија специјалност е економијата и беше советник на Путин за економија.

Шојгу останува во руската администрација, но на позицијата секретар на рускиот Совет за безбедност, каде го заменува поранешниот прв човек на ФСБ Николај Патрушев кој пак ќе биде префрлен на друго работно место. Шојгу станува член и на Воено-индустриската комисија.

Смената на Шојгу се случува во време кога Русија во Украина го започнува најголемиот напад на Харковскиот регион од крајот на летото 2022 кога го изгуби истиот.

Шојгу 12 години беше министер за одбрана на Русија, кој од неговите критичари често пати е опишан дека не е во допир со реалностите на конфликтот. Негов најголем критичар беше сега  починатиот основач на Вагнер групата, Евгениј Пригожин, кој го обвини министерството дека ги лишува неговите борци од ресурси и дека е преплавено од бирократска неспособност.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, објасни дека Белусов е избран од Путин заради потребата од „иновација“. Песков ги нагласил и се поголемите трошоци на министерството за одбрана, кои според него се приближуваат до нивоата од Студената војна. Моментално воениот буџет на Русија достигнува 6,7% од БДП, СССР имал 7,4.

Тој објаснил дека и покрај смената, воениот дел од работата на министерството и понатаму останува под Валериј Герасимов, кој продолжува со своите активности.

Минатиот месец заради корупција беше уапсен еден од најблиските соработници на Шојгу, заменик министерот за одбрана Тимур Иванов, кој е највисокиот уапсен руски функционер од почетокот на војната во Украина.

Поранешниот американски министер за одбрана, Марк Еспер, смената на Шојгу ја смета за многу важен и интересен потег:

„Поголемата порака која доаѓа од Москва е дека Русија сега се движи кон воена економија. Тие се на воена патека.“

ИЗВОР: off.net.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Героски во СТУДИО 10: Силјановска-Давкова не го прекрши Уставот, треба да се прави разлика кога мора а кога не мора да се користи уставното име

Следно

Саутгејт негира дека разговарал со Манчестер јунајтед

Latest from Blog

Николоски: Инвестициите во Коридорите 8 и 10 ќе ја поврзат Македонија со регионот и ќе донесат силен економски развој

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска на два одвоени форуми „Македонија 2025“ и Македонско-Албанскиот бизнис форум ги презентираше клучните инфраструктурни проекти, инвестициите и нивното економско влијание врз државата

Поранешна фудбалерка стана прв спортски директор на Бундеслигаш

Поранешната професионална фудбалерка Кетлин Кригер ќе стане нов спортски директор на бундеслигашкиот клуб Хамбургер , наследувајќи го Стефан Кунц. Клубот од Северна Германија го објави ова во вторник. Хамбургер не ја откри

„Златната купола“ на Трамп ќе чини 1,2 билиони долари, тој најави дека ќе биде далеку поевтина

Планот на претседателот Доналд Трамп за поставување оружје во вселената, програмата за ракетна одбрана позната како „Златната купола на Америка“, ќе чини околу 1,2 трилиони долари во текот на 20 години, според
Go toTop