Путин го обвини Западот оти ѝ помага на Украина да врши саботажи во регионите анектирани од Русија

April 5, 2023
1 min read

Рускиот претседател додаде дека, за да се обезбеди контрола над сиуацијата, мора да се дејствува строго и ефикасно и ги повика властите да ги засилат напорите за целосно интегрирање на четирите анектирани региони во Русија и заштита на локалното население од украинските напади

Рускиот претседател Владимир Путин обвини дека западни разузнавачки агенции ѝ помагаат на Украина да извршува акти на саботажа и тероризам на четирите украински региони анектирани од Русија – Луганск, Донецх, Херсон и Запорожје и ги повика неговите службеници да преземат посилен одговор.

Путин ова го изјави за време на состанокот со членовите на Советот за безбедност, чија главна тема беше зајакнувањето на контролата врз четирите украински региони анектирани од Русија.

„Постојат причини да се верува дека капацитетите на трети земји и западните специјални служби биле вклучени во подготовката на акти на саботажа и терористички напади“,

рече Путин без дополнително објаснување и без да обезбеди никакви докази во врска со тоа што го зборува.

Тој истакна дека четирите провинции се соочуваат со украинско гранатирање и со акти на саботажа со цел, како што рече, да го исплашат локалното население.

Рускиот претседател додаде дека, за да се обезбеди контрола над сиуацијата, мора да се дејствува строго и ефикасно и ги повика властите да ги засилат напорите за целосно интегрирање на четирите региони во Русија и заштита на локалното население од украинските напади.

Откако не успеа да го заземе Киев во првите недели од воената инвазија, која започна на 24 февруари 2022 година, Русија ги насочи своите воени напори на преземање контрола врз украинскиот индустриски центар Донбас, кој ги опфаќа провинциите Донецк и Луганск.

Руската армија ја зазеде и провинцијата Херсон и дел од провинцијата Запорожје, но се повлече од градот Херсон и околните области во ноември лани под украинска контраофанзива.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Министерот за здравство: Пандемијата на коронавирус во Германија заврши

Следно

Сејдини: Фудбалот со Чеферин сигурно е на вистинскиот пат

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop