Путин денеска ќе го посети поранешен Сталинград: Во градот е откриена биста на Сталин

February 2, 2023
2 mins read

Одбележувањето на битката за Сталинград доаѓа во време на жестоки борби меѓу руските сили и украинските војници во поранешната советска република, која една година е цел на руската офанзива која Кремљ ја почна за „демилитаризација“ и „денацификација“ на оваа соседна земја

Статуа на Јозеф Сталин на неговиот гроб на ѕидот на Кремљ во Москва, Русијa, Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Русија денеска ја одбележува 80-годишнината од советската победа во битката кај Сталинград, голема пресвртница во Втората светска војна и симбол на патриотизмот за кој Владимир Путин се залага со двојно поголема сила среде офанзивата во Украина.

Одбележувањето на битката за Сталинград доаѓа во време на жестоки борби меѓу руските сили и украинските војници во поранешната советска република, која една година е цел на руската офанзива која Кремљ ја почна за „демилитаризација“ и „денацификација“ на оваа соседна земја.

Една од најкрвавите битки во историјата

Рускиот претседател ќе отпатува во Волгоград, поранешен Сталинград, за да учествува на прославата, соопшти Кремљ. Сметана за една од најкрвавите во историјата, со околу два милиони мртви од двете страни, битката кај Сталинград (1942-1943) го смени текот на конфликтот во Втората светска војна.

Таа победа се уште ја слави Русија, која важи за наследник на Советскиот Сојуз, кој ја спаси Европа од нацизмот.

Победата во оваа битка добива дополнително симболично значење како што се приближува првата годишнина од започнувањето на операцијата на Русија против Украина на 24 февруари 2022 година, каде Москва ги засилува своите акции по неодамнешното заземање на Соледар, град во источна Украина, прв успех за руските сили за многу месеци.и низа неуспеси.

Самиот руски претседател не се двоуми да направи паралела меѓу отпорот против Хитлер и офанзивата во Украина.

Путин ги спореди Украинците со нацисти

„Заборавањето на лекциите од историјата води до повторување на страшни трагедии. Доказ за тоа се злосторствата врз цивилите, етничкото чистење (и) казнените акции организирани од неонацистите во Украина. Токму против тоа зло нашите војници храбро се борат“,

изјави тој минатиот петок, по повод Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот.

Овие изјави предизвикаа жестоки реакции. Француската министерка за надворешни работи Кетрин Колона ги опиша како „страшни“ и „шокантни“ и „недостојна провокација“ на Денот на сеќавањето на Холокаустот.

„Од посебно значење“

Во Волгоград, милионскиот град на брегот на Волга, среда и четврток се прогласени за неработни денови. Оваа одлука е донесена „со оглед на посебната важност на поразот на нацистичките сили во битката кај Сталинград за конечната победа“ во Втората светска војна, соопшти регионалната администрација.

Во пресрет на 80-годишнината од победата во Сталинград, во Волгоград беше откриена биста на Сталин. Денеска во рамките на прославата ќе се одржи воена парада и концерт.

Огромниот споменик во кој доминира џиновската статуа на татковината, која свечено беше откриена на овој рид во 1967 година, со децении беше место за аџилак за Русите кои сакаа да им оддадат почит на подвизите на советската армија и народ.

Битката на 200 дена и ноќи

Битката за Сталинград, која започна во јули 1942 година, траеше 200 дена и ноќи. Градот, претворен во урнатини, беше сцена на разорни германски воздушни бомбардирања и улични битки. На 2 февруари 1943 година, трупите на германскиот маршал Фридрих Паулус капитулираа опкружени од Црвената армија и ова беше прво предавање на нацистичката армија од почетокот на војната.

Целосно обновен по налог на советските власти, Сталинград беше преименуван во Волгоград во 1961 година, осум години по смртта на Јосиф Сталин.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Кина: Воената експанзија на САД во Азија ги влошува тензиите

Следно

Случај на кравјо лудило во Холандија

Latest from Blog

Бесплатен превоз од Битола до Пелистер за фестивалот „Пелистерски Вајб“

Поради големиот интерес за настанот „Пелистерски Вајб“, кој ќе се одржи во понеделник, 8 септември 2025 година, организаторите во соработка со превозниците Пелалинк, Хера турс и МИГ травел обезбедија бесплатен превоз за

Омерагиќ горд на младите фудбалери по двојната победа над БиХ

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, им упати честитки на младите репрезентативци до 19 години за двете победи против селекцијата на Босна и Херцеговина. „Пет победи во низа за младите

Коњановски во центарот на градот со кампањата „Предложи идеја“

На Широк Сокак, во центарот на Битола, градоначалникот Тони Коњановски ја продолжи кампањата „Предложи идеја“, чија цел е граѓаните директно да ги изнесат своите предлози и иницијативи за подобра иднина на општината.

Инфлуенсер објави снимка од крвава борба со крокодил, му се заканува голема казна (ВИДЕО)

Холстон објави видео од неговата средба со крокодилот, што предизвика осуда од локалните групи за права на животните. Драматична борба во плитките води Во видеото објавено во четврток, 4 септември, Холстон прво го

Донарума остана без својата „99-ка“, не можеше да ја земе ниту „единицата“

Фото: Манчестер Сити/Твитер Најдобриот италијански голман, Џанлуиџи Донарума, потпиша договор со Манчестер Сити на последниот ден од преодниот рок. По потпишувањето, тој се соочи со мал проблем при изборот на бројот што
Go toTop