Пуштени во употреба 42 километри автопат и 31 километар пруга за само две недели: Не само во Македонија, ниту во регионот досега ова се нема случено

January 22, 2025
2 mins read

Во период од 10 дена пуштање во употреба на три големи инфраструктурни проекти, нешто што се нема случено во историјата на Македонија. Експресниот пат Куманово-Страцин-Крива Паланка, делницата Градско-Дреново од експресниот пат кон Прилеп и железничката пруга Куманово-Бељаковце, се три проекти кои ја вратија позитивната енергија и дух помеѓу граѓаните, истакна во вечерашното гостување во емисијата „За или против” на ТВ Алфа, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Јас не се сеќавам кога последно не само во Македонија, туку и во регионот се пуштиле во употреба 42 км експресни патишта и 31 км пруга во рок од две недели”, истакна Николоски кој на обвинувањата од опозицијата дека проектите ги добил готови, повторно ги потенцираше бројните проблеми со кои како министер се соочил при завршувањето на овие капитални инвестиции во патната и железничката инфраструктура.

-Губење на време е да се коментира СДСМ, затоа што граѓаните тоа што имаа да кажат за нив на парламентарните избори освоија само 18 пратеници, што е најголем пораз на владеачка партија. Една од причините што доживеаја таков пораз е што ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. На Градско-Прилеп само што станав министер добив еден документ кој што значеше катастрофална ситуација таму. Изведувачот имаше почнато процедура за арбитража, која што Македонија сигурно ќе ја изгубеше и ја имаше напуштено државата. Недостасуваа некаде околу 13 милиони евра за да се заврши проектот, висеа карпи над патот необезбедени, косините не беа средени, два тунели водеа од нигде кон нигде, не беа завршени, експропријацијата не беше завршена и земја се спушташе на трасата цело време затоа што не беа обезбедени косините”, истакна Николоски кој како главна причина за ваквата состојба го потенцираше непотпишувањето на два додатоци на договорите со Европската Унија, кои цели година и пол претходното раководство на министерството ги одлагало, а не била формирана ниту заедничка Комисија со Јавното претпријатие за државни патишта. Можам само да се сомневам зошто таа комисија не се формирала. Некои велат дека не можеле министерот и директорот да се договорат кој да го земе митото од изведувачот и дека тоа било причината зошто не ја формирале оваа комисија. Јас кога бев избран и кога беше избран директорот на ЈПДП Трајановски веднаш ја формиравме таа комисија. Истата почна да работи во тек на месец август и веќе на 12. септември беа потпишани овие адендуми на договорот. Од 12 септември почна интензивно да се работи и веќе на 14 јануари го пуштивме патот во употреба, истакна министерот Николоски.

Тој ги потенцираше проблемите со кои како министер се соочил и при изведбата на патот Куманово-Страцин-Крива Паланка, каде од вкупно 25,5 км на 19,5км воопшто немало асфалт.

-Тоа е пат каде што се случија доста иновации за македонски услови. Прв пат се воведе асфалтирање во ноќни услови и на ниски температури, прв пат се воведе тросменска работа, работа на дожд и прв пат се воведе комбинарана работа помеѓу повеќе изведувачи. И таму имавме проблем со еден дел од надзорот и еден од изведувачите беше заминат од државата, па го враќавме, потенцираше Николоски.

Министерот зборуваше и за состојбата која ја затекнал и на пругата Куманово-Бељаковце, каде трасата воопшто не била обезбедена, немало ставено заштитна ограда, пругата не била тестирана а не биле дозавршени ниту железничките станици.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората, работиме за воведување на прекуокеaнски летови

Следно

Автопат Скопје-Блаце – ветуван од 2002 година, 6 години се градеа 2 километри кои не водат никаде

Latest from Blog

Симов: Криптовалутите во Македонија се непознати, нема закон кој ги забранува, но ни закон кој ги третира!

Вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 со универзитетскиот професор Орце Симов дебатираме на тема криптовалути. Го прашавме за тоа колку се легални инвестициите со криптовалути. Тој вели дека тие во Македонија во

Власта молчи за бегалецот Груби, го проголта ли „црна земја“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, и денеска со став, дека МВР, нема информации каде се наоѓа бегалецот Артан Груби, ниту пак, дали неговото бегство било организирано. Според, првиот полицаец, единствено е

Шефот на турската дипломатија со американскиот колега ја истакнаа соработката врз заемна почит и доверба

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и американскиот државен секретар Марко Рубио денес ја истакнаа решеноста на двете земји за продолжување на билатералната соработка заснована врз заемно почитување

Македонските таеквондисти ги завршија базичните подготовки за претстојната натпреварувачка година

Најдобрите македонски таеквондисти предводени од капитенот Дејан Георгиевски денеска ги завршија базичните подготовки за претстојната натпреварувачка година. Подготовките беа под стручно водство на претседателот на МТФ и селектор Борче Костовски, човекот кој

Трамп ја повика Русија да стави крај на војната во Украина, во спротивно предупреди на санкции

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес побара Русија „да постигне договор сега“ и да стави крај на војната во Украина, а во спротивно предупреди на високи даноци, царини и санкции
Go toTop