Автопат Скопје-Блаце – ветуван од 2002 година, 6 години се градеа 2 километри кои не водат никаде

January 22, 2025
1 min read

Речиси се е подготвено за првите два километри од автопатот Блаце-Скопје, но не се отвора бидејќи не води никаде. Автопатот не може да се поврзе со постоечкиот пат поради значителната разлика во нивото меѓу нив.

„Ова е точката каде што завршува вториот километар од првиот сегмент на автопатот Блаце кон Скопје, а состојбата е ваква веќе 6 години. На теренот се само два булдожера, кои ја израмнуваат земјата, додека еден многу мал тим работи на другата страна во текот на денот кога времето е добро, иако рокот за пуштање не беше испочитуван два или три пати откако требаше да се исече лентата за овие 2 километри“, вели репортерот на ТВ21.

Проблем е и експропријацијата на земјиштето од жителите на Блаце. Иако изградбата започна во 2019 година, дел од жителите велат дека сè уште го бараат правото за компензација на земјиштето во Управниот суд. Не се задоволни со вреднувањето од 4 евра за квадрат, бидејќи им ветиле 50 евра.

„Не, не сме задоволни од оваа цена бидејќи кутија цигари денес чини 4 евра, како да дадеме на метар квадрат земја колку една кутија цигари. Ова е апсурдно, ова не се случува никаде во светот. Државата може со сила да го земе земјиштето, но ние никогаш не потпишуваме со свои раце. Немаме земја за дарување! Кога Бујар Османи ни вети дека ќе се плаќа по 10-50 евра, ние прифативме, но тоа беше измама“, вели Зелќиф Барди.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека овој сегмент е во завршна фаза, но интензивно се работи и на надминување на имотно-правните спорови. Заменик министерката Калтрина Зеколи рече дека овој сегмент од 2 километри од почетокот до денес чинел 24 милиони евра.

„Ќе почнам со експропријација, бидејќи тоа е проблем кој се среќава во секој сегмент, тоа е многу сериозно прашање, ова го забележав и откако излегов и сама на терен, каде што видов дека на секое место не се работеше само поради оваа постапка. Морам да нагласам дека се преземени мерки во оваа насока и значително е намален бројот на постапки за експропријација, тоа се однесува на првите 2 километри од познатиот и многу фреквентен пат од страна на граѓаните, Скопје-Блаце“, вели Калтрина Зеколи.

Во меѓувреме, вториот сегмент од 10 километри со кои би бил ставен во функција автопатот Скопје-Блаце се уште е во фаза на комплетирање на документите за отворање на тендерот. Според проектирањето, 10 километри ќе чинат 240 милиони евра или 14 милиони евра за 1 километар. Изградбата на автопатот е ветена од 2002 година.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пуштени во употреба 42 километри автопат и 31 километар пруга за само две недели: Не само во Македонија, ниту во регионот досега ова се нема случено

Следно

Кирков: Зоолошката градина е позната како куќата на стравот и тоа доволно кажува за владеењето на Арсовска

Latest from Blog

Зеленски во голем проблем: ПАДНА КОНСТАНТИНОВКА, НАСКОРО И ЛИМАН, А ЗАЛУЖНИ МУ СЕ ЗАКАНУВА

Додека властите во Украина објвуваат слики како жителите на Крим чекаат во ред за бензин и најавуваат скоро влегување на украинската војска на кримскиот полуостров, ситуацијата на теренот не оди во нивни

Аларм за недостиг на персонал во старскиот дом

Алармантна состојбата со недостиг на персонал во кумановскиот дом за стари лица. Наместо 80 вработени, установата која овозможува услуги на над 170 граѓани, во моментов функционира со само 36 вработени. Неопходно е

Му го продолжија договорот пред Мундијалот, сега го избркаа

Владимир Петковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Алжир, јавуваат африканските медиуми. 62-годишниот стратег беше отпуштен по поразот од Швајцарија (2:0). Петковиќ ја презеде селекцијата на Алжир на почетокот на

Интерконекторот со Грција се очекува да биде завршен во првата половина од 2027

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека гасоводниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Грција е во завршна фаза и очекува да биде целосно синхронизиран во првата половина од следната година. – Да бидам чекор
Go toTop