Пукање во Скопје: Три лица се повредени

April 8, 2023
1 min read

Три лица, меѓу кои малолетник, биле повредени во физичка пресметка што се случило вчера доцна попладне околу 18 часот во близина на поликлиниката Бит Пазар во Скопје, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации на МВР, едното лице е повредено од оружје, но се уште нема информации за какво оружје станува збор.

– На 07.04.2023 околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, а непосредно потоа од ГОБ Св. Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б (23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад, информираа од МВР.

Од ГОБ Св. Наум Охридски за МИА изјавија дека кај нив се донесени две повредени лица, едното со повреда во предел на дланка и ќе биде задржано на тамошно лекување, а другото со повреда на главата од цврст предмет.

– Двајцата се во стабилна состојба и во тек се соодветни испитувања, посочуваат од болницата.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонија следната сезона повторно ќе има претставник во Премиер лигата

Следно

И денеска времен сообраќаен режим на улицата „ Александар Урдаревски“

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop