Пукање во Скопје, еден ранет – осомничениот веднаш уапсен

November 17, 2024
1 min read

На 15.11.2024 во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје го лишиле од слобода А.И.(46) од Скопје. Тој се сомничи дека на 14.11.2024 на ул.„Брсјачка буна“ во Скопје со пиштол пукал кон Ш.М. од Скопје и му нанел прострелна рана на абдоменот. А.И. бил задржан во полициска станица и против него, по брза постапка, била поднесена кривична пријава „убиство“ во обид по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на А.И. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издршување на мерката.

ФОТО: Архива

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УМЕТНОСТА НЕ ТРЕБА ДА Е ПРИВИЛЕГИЈА, ТУКУ ДА БИДЕ МЕЃУ ЛУЃЕТО – НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА СЛАВИ 120 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВАНГЕЛ КОЏОМАН

Следно

„Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, превентивна активност на СВР Скопје

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop