„Птици на Рајот“ – Најголемото светско засолниште за птици во Јужна Африка

January 28, 2025
1 min read

КЕЈПТАУН (АА) – „Птици на Рајот“ (Birds of Eden), најголемото светско засолниште за слободно летање на птици, се наоѓа во провинцијата Западен Кејп, Република Јужна Африка, и претставува вистинска атракција за љубителите на природата и орнитологијата, јавува Анадолу.

Јужна Африка, како една од најзначајните дестинации за набљудување на птиците во светот, е дом на 856 различни видови птици, од кои 68 се ендемични.

Според извештајот од 2018 година на јужноафриканската невладина организација „Животот на птиците во Јужна Африка“, 132 видови птици во Јужна Африка се класифицирани како загрозени.

Овие видови се соочуваат со сериозни предизвици поради уништувањето на нивните природни живеалишта, климатските промени и нелегалниот лов.

„Птици на Рајот“ е еден од најимпресивните проекти за заштита на птиците, кој нуди безбедно засолниште за различни видови птици и обезбедува услови за нивно слободно движење во средина која ја имитира природата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филипче: Мицкоски го призна својот неуспех, најавениот бојкот е пораз на погрешните политики

Следно

Дувњак: Играм со една нога, соиграчите ми даваат сила да продолжам

Latest from Blog

Мерц: Околу 80 отсто од 900.000 Сиријци во Германија треба да се вратат во татковината во следните три години

На денешната прес-конференција во Берлин, одржана заедно со сирискиот привремен претседател Ахмед ал Шара, Мерц истакна дека двајцата лидери постигнале согласност за овој план. Според канцеларот, во текот на „подолг рок од

Мицкоски оствари средба со Орбан: Македонија продолжува напред со достоинство, со реформи и со поддршка од вистинските пријатели

Премиерот Христијан Микоски денеска во Будимпешта оствари значајна и содржајна средба со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. -Разговаравме за продлабочување на економската соработка, нови инвестиции и конкретни проекти кои ќе донесат придобивки

Проданоски: меѓуопштинската соработка носи поефикасни услуги за граѓаните

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП
Go toTop