ПСЖ ги објави првите две летни засилувања

June 6, 2023
1 min read

Францускиот фудбалски  шампион Пари Сен Жермен ги потврди првите две летни засилувања. Со денови се шпекулираше за преминот на Мануел Угарте и Марко Асенсио, а денес стигнува и официјална потврда за реализација на двата трансфери.

Угарте е дефанзивен играч за врска, а по потреба може да заигра и на стоперската позиција. 24-годишниот Уругваец доаѓа од Спортинг Лисабон за сума од шеесет милиони евра.

Второто засилување за ПСЖ е искусниот Марко Асенсио, кој пред само три дена се збогуваше со Реал Мадрид и веднаш потпиша договор со францускиот гигант.

Шпанецот доаѓа во ПСЖ како слободен агент и без никаква отштета.

„Светците“ најавија голем „ремонт“ во тимот, заминуваат тренерот Кристоф Галтие и неговиот стручен штаб, како и две од трите најголеми ѕвезди, Лионел Меси и Бразилецот Нејмар.

.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити за разрешениот Јовев: Стануваше збор за злоупотреба на работното време

Следно

Во текот на ноќта Русите извршија серија нови воздушни напади врз Киев

Latest from Blog

Меџити: „Промена што се чувствува во секој дом“ – стартуваа работите во налбата Гази Баба

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека започнати се градежните активности на улицата „Аврам Писевски“ во општина Гази Баба, кои се одвиваат со засилен интензитет. Со проектот се врши поврзување на

Коњановски: Улиците кај здравствен дом влегуваат во финална фаза

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати извинување до жителите на улиците во близина на здравствениот дом, нагласувајќи дека тековните градежни активности влегуваат во завршна фаза. Тој посочи дека наместо оправдувања, има
Go toTop