ПСЖ е главен во Европа ама не и во Париз, тимот на Енрике елиминиран во Купот на Франција

January 12, 2026
1 min read
ФОТО: Paris FC/FB

Уф, каква сензација во Париз, во градското дерби меѓу ПСЖ и Париз во рамките на 1/16 финалето во Купот на Франција. Европскиот првак на свој терен беше поразен од Париз со 0:1. Со ова ПСЖ нема да биде во можност да се бори третиот последователен трофеј во Купот на Франција напролет.
Двократниот освојувач на Купот на Франција ги пречека своите градски ривали само осум дена по лигашкиот судир каде што тимот на Луис Енрике очигледно се мачеше.
Единствената вистинска можност во првото полувреме ја пропушти Гонзало Рамос, а во остатокот од натпреварот, Заир-Емери се најде во добра можност за гол, но голманот на Париз излезе како победник од оваа ситуација.

Во средината на второто полувреме, Енрике се обиде да го размрда тимот со воведување на Мендеш, Дуе и Дембеле, а токму Португалецот, по само две минути влегување во игра, му намести зицер на Бредли Баркола, но овој фудбалер се избрука пред голот на Париз.
Недолго потоа, ниту Дембеле не се прослави многу, а казната дојде во 74-тата минута кога Иконе добро се снајде на асистенцијата на Кебал во акција што започна на средината од теренот, откако нападот на домашниот тим беше прекинат.
ПСЖ најблиску до израмнување беше во 87-тата минута кога Заир-Емери ја погоди пречката, што беше претходница на нападите на домаќините што следеа во судиското продолжение.
Во шестата минута од судиското продолжение, Дуе ја пропушти најдобрата можност за ПСЖ бидејќи топката промаши покрај стативата по неговиот удар, гасејќи ја последната надеж на „Светците“ да избегнат пораз.

По мечот еуфорија кај Париз и неверица во таборот на ПСЖ.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: Земјите што соработуваат со Иран ќе платат веднаш царина од 25%

Следно

Парамаунт го тужи Ворнер Брос поради договорот со Нетфликс

Latest from Blog

ПРАЗНО НЕБОТО НАД ГЕРМАНИЈА, итен АПЕЛ ДО СИТЕ патници

Пилотите на германскиот авиопревозник „Луфтханза“ и нејзините подружници „Карго“ и „Ситилајн“ започнаа масовен дводневен штрајк, кој предизвика сериозен колапс во воздушниот сообраќај. Протестот, кој започна кратко по полноќ, се очекува да трае

Неверојатно: Арсенал сака да го задржи Артета и ако тој не освои ниту еден трофеј сезонава!

фото: Arsenal @Arsenal (X) Неверојатна вест од Островот. Имено Арсенал сè уште планира да го продолжи договорот на својот менаџер Микел Артета, дури и ако ја завршат сезоната без да освојат трофеј.

Орбан го призна поразот КОЈ Е ПЕТАР МАЃАР, неговиот наследник

Лидерот на партијата Тиса, Петер Маѓар, напиша на својата Фејсбук страница дека унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честитал победата. „Премиерот Виктор Орбан ни ја честитал победата по телефон“, напиша Петер Маѓар.
Go toTop