Првоаприлски маскенбал во сите училишта во Општина Петровец

March 31, 2023
1 min read

По повод „Ден на шегата“, денеска се организираше првоаприлски маскенбал во сите училишта на територијата на Општина Петровец.

Градоначалникот Борче Митевски заедно со директорката на ООУ „Кочо Рацин“ од Петровец, Виолета Јаневска како и дел од советниците од Советот на Општина Петровец ,присуствуваа на маскенбалот кој се организираше во дворот на училиштето ,каде на сите учесници на овој маскенбал им беа поделени чоколади.

Истото се случуваше и во останатите училишта каде советниците од Советот на Општина Петровец учествуваа на маскенбалот и им поделија чоколади на сите дечиња.

Беа прикажани голем број на креативни маски кои беа изработени од самите дечиња со помош на своите родители.

На маскенбалот присуствуваа и голем број на родители кои ракоплескаа на прикажаните маски од страна на учесниците на маскенбалот.

Маскенбалот помина во општо расположение и насмевки на сите присутни на оваа манифестација која се организира секоја година по повод „Денот на шегата“.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведени четири лица во Скопје поради дрога

Следно

Нов милионски трансфер од Динамо: Ливаковиќ се сели во Галатасарај?

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop