Прво се ставаат директори па се дебатира за професионализација

July 2, 2024
3 mins read

Иако новата власт најавува вработувања во јавната администрација врз основа на ефикасност, квалитет, образование и искуство, очекувањата на дел експерти и невладини организации се дека и сега работните позиции во јавниот сектор ќе бидат пополнети со „партиски војници“.

Според нив, партискиот клуч ќе биде применуван особено при именувањата на директори, заменици директори и секретари, како што се случуваше и во изминативе три децении.

Партиите иако постојано велат дека поддржуваат професионализација на јавниот сектор, со години не го донесоа Законот за висока раководна служба кој предлага избор на стручен кадар во агенциите и институциите низ транспарентни постапки, иако за него неколку пати беа организирани јавни дебати во Собранието.

Законот го најавуваше минатата власт на СДСМ заедно со пакет од неколку други закони за реформа во јавниот сектор, коишто не беа изгласани во претходниот парламентарен состав.

Децениска пракса на партиски вработувања

Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ за РСЕ вели дека изразената партизираност при вработување во администрацијата и јавниот сектор и при именувањата на функционери е карактеристичен печат на владеењето последниве неколку децении и затоа според него ситуацијата нема да биде различна ниту со новата власт.

„За жал, очекувањата се дека и сега раководните позиции, кои во многу земји се дел од професионалната служба, кај нас ќе бидат пополнети преку инструментот на партиска припадност“, вели Поповиќ.

Во јавниот сектор во Северна Македонија активни се вкупно 1.371 институции, вклучително министерствата, во кои активно се вработени 128.879 луѓе, според Регистарот на Министерството за информатичко општество и администрација. Бројката стигнува до околу 160 илјади со оние кои се вработени со договор на дело.

ВМРО-ДПМНЕ која ја формираше новата Влада со коалиционите парнери Влен и ЗНАМ, ветуваше реформа на јавниот секор и професионализација на администрацијата.

Тие велеа дека ќе ја зголемат ефикасност на јавната управа преку намалување на бројот на јавни институции за 10 проценти, но и дека ќе ги реоганизираат министерствата. Но, наместо тоа по изборот на новата влада новиот владиниот кабинет доби 20 министерства, четири повеќе од претходната Влада.

Потребна е политичка волја

Искра Белчева Ристовска од Центарот за управување со промени вели дека во програмата за работа на Владата нема изрично наведено дека ќе се подготви и донесе Закон за висока раководна служба. Таа смета дека ако има политичка волја на краток рок Владата може да донесе подзаконски акт (Методологија/упатство) со кој ќе се пропишат критериумите, стандардите и постапката за именување на раководни и управувачки структури во институциите.

„Ова оди во прилог на генералната заложба на Владата за намалување на дискреционите овластувања на носителите на одлуки заради намалување на ризиците од корупција“, вели Белчева Ристовска

Новиот министер за дигитална трансформација Стефан Андоновски на 28 јуни изјави дека вработувањата во јавниот сектор ќе бидат врз основа на професионалност, квалитет и образование. Тој зборуваше во насока на укинување на алатката балансер и дека исто така се залагаат да се стави крај вработувања врз основа на етничка припадност.

За вработувањата деновиве зборуваше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој пак рече дека не може да гарантира дека вработувањата нема да бидат партиски.

Прво избор на директори, потоа нов закон

Универзитетскиот професор Борче Давитковски од Правниот факултет во Скопје вели дека без законот за висока раководна служба и овој пат може да се очекува дека директори ќе бидат именувани по партиски клуч.

„Тоа го правеше и владата на СДСМ. Откако ќе изберат директори со мандат од четири години, потоа велат дека ќе го носат законот. Толку е демократијата. Овој закон беше дискутиран пред пет-шест години во Собрание’, вели Давитковски.

Реформите во јавната администрација претходната власт ги најавуваше со носење на законите за административни службеници, за вработени во јавниот сектор, за високо-раководна служба и измени на законот за Агенцијата за медиуми.

Со овие закони администрацијата требаше да добие професионален кадар, вклучително државни секретари, директори и заменици директори.

Неколку верзии на Законот за раководна служба беа изработени уште пред повеќе од пет години. Законот предлагаше да бидат воспоставени транспарентни постапки за да се добијат стручни директори во агенциите и институциите кои ќе бидат одбрани врз основа на низа критериуми.

Постоечките закони не спречуваат најдобри кандидати

Но, според Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, иако Законот за висока раководна служба ги дефинира потребните карактеристики кои треба да ги имаат раководителите и има јасен процес на евалуација на кандидатите, вели дека професионални кадри може да бидат одбрани и со постоечките закони.

„Со оглед дека предлог Законот е заглавен во лавиринт, веројатно е подобро да се прашаме што од постојното законодавство спречува да се изберат најдобрите кандидати. Накратко – ништо не спречува. Предлог законот во основа додаваше структура онаму каде сегашното законодавство е недоречено. На пример, не постои пречка сегашните законски критериуми за, на пример, директор/ка на јавно претпријатие, да се надополнат со посебни квалификации кои нема да се елиминациски критериум“, вели Поповиќ.

Досега имаше три јавни расправи на различни верзии на Законот за висока раководна служба организирани од државата.

Поранешното Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА) уште во 2019 го претстави концептот. Ова министерство со реорганизацијата прерасна во Министерство за дигитална трансформација.

На почетокот на 2020 година, пратениците дискутираа за предлог законот во Собранието, но беше вратен назад на доработка.

Јавна расправа по нова верзија на текстот се одржа во МИОА во 2023, но претходната Влада не донесе одлука законот да биде испратен во Собранието.

Извор: Радио Слободна Европа

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Јана Спирковска знае дека ако веруваш во себе – „Се’ е возможно“ (ВИДЕО)

Следно

ВИДЕО: Големо невреме во Црна Гора, еден загинат и еден повреден

Latest from Blog

Премиерот Мицкоски денеска во Костал: Трета инвестициска фаза од 40-45 милиони евра и 250 вработувања

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски утре ќе присуствува на започнување на третата фаза од инвестицискиот циклус на германската компанија КОСТАЛ Македонија во Општина Охрид. Третата фаза на инвестициски циклус на КОСТАЛ Македонија

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Собраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година. Повеќе информации може

Таеквондистот Дејан Георгиевски се враќа со сребрен медал од Г1 Светскиот куп во БиХ

Сребрен медал освои македонски таеквондист Дејан Георгиевски од Босна и Херцеговина Опен Г1. Нови вредни бодови за Георгиевски на патот до обезбедување норма за учество на следните Летни олимписки игри во Лос Анџелес 2026.

„Храбар и решителен“, Зоран Заев се најде во мемоарите на Ангела Меркел

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја претстави својата книга „Слобода: Мемоари 1954-2021“, дело кое повторно го привлече вниманието на светската јавност. Во книгата, Меркел пишува за својот приватен и професионален живот, ставајќи

Зоран Заев е единствениот политичар од Балкан што Меркел го споменува во нејзините мемоари

„На Западен Балкан, единствениот (жив) политичар кој Меркел го споменува во своите мемоари е Зоран Заев, кого таа го нарекува ‘храбар и решителен’, објави Михаел Мартенс, прославениот новинар на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
Go toTop