Прво реформи, па пари од ЕУ! Со план за раст на Западен Балкан, достапни ќе бидат 6 милијарди евра!

November 9, 2023
1 min read

реклама


Европската унија ќе ги наградува земјите од Западен Балкан кои спроведуваат реформи. Тоа ќе го прави преку Планот за раст на Западен Балкан. Во следните 4 години, земјите од Западен Балкан кои ќе направат план за реформи, ќе го достават до ЕК, а потоа ќе го реализираат, ќе добиваат пари за тоа, или со една реченица можеме да кажеме прво реформи, а потоа пари. Што е целта?

Целта е економиите на земјите од Западен Балкан да се приближат до економијата на ЕУ. Според нивните истражувања, БДП или економскиот раст на земјите од ЗБ е околу 30 проценти од просекот на ЕУ. Поради тоа ЕУ сака да ги придвижи економиите за земјите аспиранти до нивната еконимија. За тоа е обезбеден План за раст на Западен Балкан. Што треба да направат земјите од ЗБ да ги добијат парите. Тие треба да подготват план за реформи, да го достават до ЕУ, а потоа да го реализираат. Доколку не го реализираат тој план, нема да добијат пари. Во зависност од тоа колку е реализирано од тој план, толкку пари ќе добијат. Доколку воопшто не бидат реслизирани тие реформи, парите нема туку така да исчезнат, туку ќе се префрлат во Инвестициски фонд, а потоа од таму инвеститорите можат преку проекти да ги повлекуваат.

реклама

Овој план за раст на ЗБ предвидува четиригодишна финансиска инјекција за земјите од ЗБ, вклучително и Северна Македонија, а ќе се прави евалуација на секои шест месеци. Првиот реформски план Македонија би требало да го достави оваа пролет, а потоа првата исплата, односно да ги реализира реформите, би требало да ги заврши до летото.

Целта на ЕК е да ја крене економијата на земјите од ЗБ, која што е на ниско ниво во однос на ЕУ и нивниот план може да се каже дека е преоптимистички, но како што велат не е неостварлив. Односно со овој План за раст на земјите од ЗБ, планираат да ја кренат економијата на земјите од ЗБ до 10 проценти на годишно ниво. Ова не значи дека средствата преку ИПА програмата ќе запрат, тоа останува, земјите од ЗБ и натаму можат да палицираат преку ИПА програмата.

реклама

Вкупниот фонд за Планот за раст на земјите од ЗБ е 6 милијарди евра, 2 милијарди се грантови, неповратни средства, а останатите 4 милијарди ќе бидат преку позајмици. Вреди да се напомене, барем според она што го дознавме на брифингот со претставници на ЕК, е дека наскоро тим од ЕК ќе допатува во Скопје и ќе има состанок со финансиските власти.

Вреди да се напомене и тоа дека иако овој План ќе се одвива паралелно со скрининг процесот и евентуалниот старт на преговорите, сепак не е директно поврзан со уставните промени. Односно, парите Македонија ќе ги добива, само доколку ги реализира ветените реформи, без разлика кога и дали ќе ги усвои уставните измени.

реклама

За ТВ21 од Брисел, Един Растодер

реклама



VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Таравари за ТВ21 за „понудата“ да биде премиер: Оваа вест не е точна!

Следно

Лукаревска: Не би се согласила дека е лош извештајот од Европската комисија

Latest from Blog

Проданоски: Соработката меѓу општините е двигател на развојот

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска во Скопје учествуваше на настанот „Унапредување и зајакнување на меѓуопштинската соработка во локалната самоуправа“, во организација на Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП

Божиновска: Стартува голем инвестициски циклус за енергетска обнова на јавните згради

Денес се одржа онлајн координативен состанок со сите релевантни чинители во процесот на енергетска трансформација, на кој учествуваше и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, при што беше означен

Комерцијална банка најликвидна, а ЗОИЛ Македонија со доминантен блок – МБИ10 со пад од 0,15%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од 30 март 2026 година, индексот МБИ10 се намали за 0,15% и заврши на 9.918,01
Go toTop