Прво па женско #13 почнува со филмската програма „Воспоставување врски“

May 30, 2025
1 min read

Во рамки на тринаесеттото издание на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО, Тиииит! Инк. во соработка со Kino Unseen (Загреб) организира дводневна филмска програма со наслов „Воспоставување врски: кино клубовите и феминистичките пристапи кон подвижните слики“, која ќе се одржи на 30 и 31 мај, со почеток во 19:30 часот, во киното на Железничката зграда. Програмата е курирана од Карла Црнчевиќ, една од основачките на Kino Unseen како дел од нивната регионална програма „Bridging“.

Во две филмски вечери, во Киното на Железничката зграда* во Скопје заедно ќе го слушнеме ехото на киноклубовите и алтернативните филмски мрежи – од Југославија до Куба, од минатото до денес, и ќе отвориме прашања за инфраструктурата, продукцијата и пристапот до филмската уметност за работничката класа, но и за улогата на жените во овие алтернативни филмски мрежи – и тогаш и сега.

Првата вечер го носи гласот од Куба преку колективот Диви архивист(к)и // Archivistas Salvajes, кои го истражуваат невидливото – нехегемонско и маргинализирано кубанско визуелно наследство. Нивната селекција на кратки филмови што ќе имаме можност да ја проследиме го открива патот на неколку режисерки во градењето и негувањето на својот творечки простор во историјата на кубанската кинематографија – миговен, фрагментарен, но сепак значаен и влијателен.

Втората вечер го отвора прашањето за позицијата на жените во југословенските киноклубови. Преку примерот на творештвото на неколку авторки од киноклубовите во Загреб и Сплит, чии филмови ќе имаме можност да ги видиме, и разговор со филмскиот истражувач Сима Кокотовиќ, ќе го допреме прашањето за минатото, сегашноста и можната иднина на киноклубовите во нашиот (отсекогаш) заеднички културен простор.

Дојдете на #ППЖ13 и придружете се во борбата за зачувување на отворениот, заеднички и слободен културен простор во овој свет што се распаѓа. Влезот за настанот е слободен!

* Програмата на #ППЖ13 во Киното на Железничката зграда во Скопје се реализира во соработка со организацијата Факултет за работи што не се учат (FR~U).

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Досега нема стратешки договор со Британија

Следно

Петрушевска: Договорот со Обединетото Кралство не може да е коруптивен затоа што има мониторинг од британска експертиза

Latest from Blog

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop