ПРВО ОПОМЕНА, ПА ГЛОБА: „Безбеден град“ догодина комплетно во функција- период на адаптација од 6 месеци

February 6, 2025
1 min read

Догодина комплетно ќе биде ставен во функција проектот „Безбеден град“. Се размислува за период на адаптација од 6 месеци, однсосно- на граѓаните доколку направиле некој прекршок првично да им стигнува опомена, а не казна. Оние пак, кои не се со македонски регистерски таблички веднаш ќе треба да платат глоба за непочитување на сообраќајните правила.

За ова денеска на брифинг со новинарите информираше премиерот Христијан Мицкоски.

Технологијата преку која ќе се спроведува овој систем е врвна, како во светските метрополи.

По вчерашниот состанок министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, Мицкоски денеска обзнани дека околу 150 луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи во Македонија, а околу 22.000 прекршоци, како што се возење без возачка дозвола, возење во алкохолна состојба и непочитување на сообраќајните знаци, се прават годишно само во Скопје.

Па од тука, ставањето во функција на овој систем за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како „Безбеден град”, е еден од приоритетите на Владата, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем шумски пожар во Истра, каде огнот зафати стотици хектари

Следно

Мицкоски очекува средби со претставници на бугарската Влада, но не прецизира на чија иницијатива

Latest from Blog

Зимски циклон со центар над Јонско море следната недела ни носи заладување, дожд и снег

По пролетните сончеви и топли денови, веќе од вторник 17-ти март до петок претпладне 20-ти март територијата на Македонија ќе биде под влијание на зимски циклонски систем со центар над Јонско море,

Песков: Преговорите за Украина се на пауза, бидејќи САД имаат други приоритети

– Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков. Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.

Почина чичко Драги од Рекорд

Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд почина. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која вели дека со години му помагала, пред да замине во странство. -Секое поминување
Go toTop