Првите резултати од претседателските избори во Романија покажуваат водство на Никушор Дан

May 18, 2025
1 min read

Независниот кандидат и актуелен градоначалник на Букурешт Никушор Дан води на претседателските избори во Романија, покажаа првите резултати од излезните анкети на социолошките агенции Авангард и Курс, пренесува Диџи24.

Втор е кандидатот на националистичката партија „Алијанса за обединување на Романците“ (АУР) Џорџе Симион.Разликата меѓу двајцата засега е околу десет проценти. Според податоците на Курс, Никушор Дан освоил 54,10 проценти од гласовите, а неговиот противник Џорџе Симион – 45,90 проценти.

– Изборите ги добија оние кои сакаат промена. Следи тежок период, беа првите зборови на Никушор Дан.

До 20:00 часот гласале 62,65 проценти од оние кои имаат право на глас, односно 11.278.291, покажуваат податоците на Постојаниот изборен орган.Претседателските избори во Романија се одржаа по втор пат, откако во декември минатата година Уставниот суд го поништи првиот круг одржан во ноември и нареди изборниот процес да почне од почеток.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ТФТ го збриша Работнички за пласман во финалето на кошаркарскиот плеј-оф

Следно

Гаши ќе ги извести Уставен и Судски совет за поништувањето на изборот на судијката Дуковска

Latest from Blog

Николовска: СЈО ги чинеше граѓаните милионски суми, а резултатите изостанаа

Во вчерашното издание на емисијата „Анализа“ на ТВ 24, гостуваше Ружица Николовска, член на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, која во реплика на Ленче Ристоска, јавен обвинител, се осврна на начинот на кој
Go toTop