Првиот турски астронаут го тестира проектот за детекција на болести преку звукот

February 1, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА) – Првиот турски астронаут, Алпер Гезеравџи, спроведува научни експерименти на Меѓународната вселенска станица, меѓу кои е и проектот ВокалКОРД (VocalCORD), мобилна апликација што користи вештачка интелигенција за откривање болести преку промени на фреквенцијата и вибрации во гласот, јавува Анадолу.

ВокалКОРД може да открие белодробни и кардиоваскуларни заболувања предизвикани од ниска гравитација, изјави за Анадолу професорот Гокхан Ајдемир, проект-менаџер од Универзитетот Халич во Истанбул.

Türk astronot Gezeravcı'nın uzayda denediği projeyle hastalıklar sesten tespit edilebilecek

Ајдемир, кој го предводи тимот од 12 експерти, вклучително и стручњаци за вештачка интелигенција, објасни дека ВокалКОРД првично го пресметува капацитетот на белите дробови и капацитетот на виталност преку спирометриски податоци со мерење на разликите во децибелите при длабоко дишење.

„Во првата фаза ги пресметуваме белите дробови и есенцијалниот витален капацитет со снимање на податоците со спирометрија при длабоко дишење, мерејќи само разлики во децибели. Во втората фаза се мери кашлицата и фонацијата, се пресметуваат звучните фреквенции и вибрациите што произлегуваат од овие две фази и се евалуира постојното белодробно и кардиоваскуларно здравје.“

„Бидејќи апликацијата може да го мери и пулсот, да ја пресмета стапката на респирација и сатурацијата и да прави ЕКГ со електроди, ќе можеме да се справиме разни видови здравствени услуги со поддршка на вештачката интелигенција“, додаде тој.

Ајдемир истакна дека го развиле ВокалКОРД за време на КОВИД-19 и дека ги внесувале податоците на пациентите во нивните системи за вештачка интелигенција за време на пандемијата.

– Проектот ВокалКОРД се соочи со големи предизвици –

Проф. Ајдемир рече дека добил повик од Турската вселенска агенција во 2021 година и дека Универзитетот Халич, меѓу 40 универзитети, придонел за проектот ВокалКОРД.

„Најпредизвикувачката фаза беше со НАСА, што вклучуваше ригорозен процес на евалуација“, рече тој.

По обуките и процените, НАСА го одобри експериментот на 23 септември 2023 година, додаде тој.

„Пред тоа имавме обука со Алпер Гезеравџи, а благодарение на тоа што тој е инженер и пилот, многу добро ја имплементира апликацијата и придонесе за нејзиниот развој“, рече проф. Ајдемир.

– „Планираат да ја користат нашата апликација и кај идните астронаути по Гезеравџи“ –

Ајдемир го спомена и спроведувањето на експерименти и на Земјата, меѓу кои и еден на Универзитетот Халич, и изјави дека другиот експеримент се реализирал во САД на 9 јануари.

Ајдемир спомена добивање на гласовни снимки и кашлање од полковникот Гезеравџи, инаку пилот на Турските воздухопловни сили: „Гезеравџи го спроведува нашиот експеримент секој ден на изгрејсонце и зајдисонце во звучно изолирана просторија на Меѓународната вселенска станица и ги снима податоците. Откако Гезеравџи ќе се врати на Земјата и заврши процесот на карантин, имаме цел да ги споделиме резултатите од нашиот експеримент и да ја претставиме апликацијата на јавноста до 26 февруари.“

Експериментот ВокалКОРД е спроведен на таблет на Меѓународната вселенска станица, од НАСА, рече тој.

„Тие сакаат да ја користат апликацијата за идните астронаути, а нејзината ефикасност ќе биде проценета по објавувањето на резултатите од тестовите и научните податоци“, нагласи тој.

– Способност за откривање болести поврзани со респираторниот тракт –

Проф. Ајдемир изјави дека апликацијата ќе биде достапна за сите што работат во тешки услови.

Додавањето на тестовите во рамките експериментот ќе ја процени физиологијата на белите дробови, ќе ги идентификува болестите што се откриваат преку мерењата на капацитетот на белите дробови. Дополнително, апликацијата може да открие болести поврзани со респираторниот тракт преку фонацијата и кашлањето. Со поддршката на вештачката интелигенција може да се има увид за различни здравствени услуги со мерење на виталните функции, како што се пулсот, респираторната стапка, сатурацијата, па дури и ЕКГ.

– „Ќе ги евалуираме и искуствата на Гезеравџи во вселената“ –

Ректорот на Универзитетот Халич, проф. д-р Нихат Инанч, ја изрази радоста на универзитетот за поддршката на проектот ВокалКОРД, и за тоа што е дел од експериментите спроведени во вселената.

Нагласувајќи дека ова е само почеток, Инанч рече: „Ќе ги евалуираме информациите што ќе ги добие Гезеравџи во вселената и експериментите што ќе ги спроведе. Ќе ги обликуваме нашите идни чекори во врска со искуствата на Алпер во вселената.“

Мисијата Ax-3, од која дел е и Гезеравџи, беше лансирана на 18 јануари од Вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Флорида со ракетата Фалкон 9 на приватната вселенска компанија Спејс икс, која потоа се приклучи на Меѓународната вселенска станица.

Тимот од четири лица ќе изврши повеќе од 30 научни експерименти за време на нивниот двонеделен престој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претставниците на медиумите бараат одобрување на законот за медиуми

Следно

Работнички и земјоделски револт на улиците во европските градови, голем протест во Брисел

Latest from Blog

Комерцијална банка и Македонијатурист со најголем неделен промет, МБИ10 со пад од 0,41%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 15 до 19 декември 2025 година, на Македонската берза беа реализирани 328 трансакции со вкупна

Поради маглата откажани и одложени летови, намалена видливост на дел од патиштата

Густата магла во скопската котлина како и вечерва предизвика  откажување и доцнења на летовите од Меѓународниот аердором Скопје, а намалена е видливоста и на дел од од патните правци. Според информациите од

Николоски: Македонија останува посветена на правата на турската заедница

Нема поблизок народ за македонскиот народ од турскиот, нема поблиска држава за Македонија од Туркије и горд сум што можам да кажам дека Македонија овозможува изучување на мајчиниот турски јазик на турската

Маинц и Сент Паули ги поделија бодовите

Во дуелот на двата тима кои сезонава ќе имаат огромни проблеми да обезбедат опстанок, Маинц и Сент Паули одиграа 0:0. Двата преостанати бодови од потенцијалната победа за било кој од двата тима

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже
Go toTop