Првиот ФИФА терен во Македонија свечено пуштен во употреба во Босилово

May 12, 2026
1 min read

Со скромна церемонија во Босилово, денес беше отворен првиот фудбалски терен во Македонија изграден во рамки на глобалниот проект „FIFA Arena“, иницијатива на ФИФА насочена кон развој на базичниот фудбал и создавање подобри услови за децата и младите.

На отворањето на новиот терен присуствуваа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јендреоски, директорот на ФИФА за национални асоцијации, Елкан Мамедов, претставници на локалната самоуправа од Босилово, како и поранешни фудбалери и деца од локалните фудбалски школи.

Претседателот на ФФМ во своето обраќање истакна дека секој нов фудбалски терен претставува нова можност, надеж и инспирација за младите генерации, потенцирајќи дека проектот „FIFA Arena“ има огромно значење за иднината на македонскиот фудбал.

„Ова не е само инвестиција во инфраструктура, туку инвестиција во иднината на децата, во нивното здравје, дружење и правилен развој. Со ваквите проекти испраќаме силна порака дека секое дете заслужува можност да игра фудбал, без разлика каде живее и без разлика на условите“, порача претседателот на ФФМ.

Во своето обраќање, тој упати благодарност до ФИФА, претседателот Џани Инфантино и Елкан Мамедов за поддршката и визијата за реализација на проектот во Македонија.

„Фудбалската федерација на Македонија и понатаму ќе продолжи да вложува во развојот на инфраструктурата и базичниот фудбал, затоа што децата се најважната основа на секој успех. Колку повеќе можности им создаваме, толку повеќе придонесуваме за здрави навики, спортски дух и подобра иднина. Ова е само почеток. Босилово и Турново се меѓу првите, но наскоро и многу други општини ќе бидат дел од оваа прекрасна приказна“, изјави Омерагиќ.

Новиот терен ќе го користат локалните фудбалски школи и екипите вклучени во проектот „Фудбал во училишта“.

„Секое момче и секое девојче заслужува можност да игра фудбал и да има безбедно место каде ќе ја учи играта и ќе се развива. Тоа е идејата зад FIFA Arena. Овој нов терен е подарок за децата во Македонија. Нашата цел е да поставиме 1000 нови терени ширум светот. Тимот на FIFA Arena ќе обезбеди идните генерации, особено децата од урбаните и руралните средини со помалку можности, да добијат шанса да играат фудбал. Ви посакувам многу среќа и уживајте во играта“, изјави Елкан Мамедов.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Омерагиќ: Босилово е првиот чекор на проектот „FIFA Arena“ во Македонија

Следно

Трамп: Куба бара помош

Latest from Blog

По разорниот земјотрес, нова трагедија во Филипини- свлечиште однесе десетина животи (ФОТО)

Еден маж е спасен од урнатините и однесен во болница со сериозни повреди, додека најмалку 115 семејства се евакуирани, соопшти локалната Канцеларија за намалување на ризиците од катастрофи и управување со вонредни

Мецола: Статус кво состојбата ја оддалечува Македонија од Европа

Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола

Полувреме: Руиз и Де Кетеларе за 1:1! Имаше ли пенал за Шпанија? Тилеманс се повреди на загревање (ВИДЕО)

ФОТО:x.com/SpainIsFootball Шпанија – Белгија 1:1 по првото полувреме на 1/4 финалниот меч во Лос Анџелес. Спектакуларен настап на “Фуријата“ која диктираше, имаше шанси и зицери а поведе со голот на Руиз во

Израелците ликвидираа командант на единицата Нухба, елитен одред на Хамас (Вознемирувачко видео)

Израелците соопштија дека командантот на елитната единица Нухба на Хамас, Јахја Саид Мохамед Хамдан, бил убиен во нападот, објави „Тајмс оф Израел“. Според ИДФ, Хамдан учествувал во нападот врз базата Реим, каде што
Go toTop