Првиот авион на „Фрибрд“ следа во Скопје, годинава се очекуваат 35.000 туристи со оваа компанија

February 16, 2025
1 min read

Менаџментот на ТАВ Македонија заедно со вицепремиерот, Александар Николоски, и министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје гo пречекаа првиот чартер-лет на авиокомпанијата Фрибрд ерлајнс кој ја донесе првата група од 180 германски туристи, со што се одбележа почетокот на овие чартер-летови кои ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром секој ден почнувајќи од денеска до почетокот на јуни, и потоа од октомври до средината на декември. Се очекува овие организирани летови да донесат 35.000 туристи во земјава. 

„Денес, 16-ти февруари 2025 година, му посакавме добредојде на првиот чартер-лет на Фрибрд ерлајнс кој донесе 180 германски туристи од Дизелдорф и од Франкфурт. Ги пречекавме со дел од македонската култура, со македонски ајвар и со разгледници од знаменитостите на Скопје. Се надеваме дека сите 35.000 туристи кои се очекува да пристигнат оваа година од 13 различни дестинации од Германија, Франција и Велика Британија на Меѓународниот Аеродром Скопје, ќе имаат убави сеќавања од нивното патување исполнето со гостопримство, културни доживувања и гастрономски уживања. За нас во ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, секогаш претставува задоволство да пречекаме и опслужуваме нови авиокомпании, нови тур-оператори и нови дестинации. Како аеродромски оператор, се трудиме постојано да напредуваме во поглед на гостопримството и квалитетот на услугите како кон авиокомпаниите, така и кон патниците.“ изјави Неџат Курт, генералниот директор на ТАВ Македонија.  

Од денес до почетокот на јуни, а потоа повторно од октомври до декември годинава, Фрибрд ќе лета до Скопје секој ден, и ќе носи туристи од 13 европски градови од Германија, Франција и Велика Британија.

Европските градови од кои ќе полетува Фрибрд и ќе слетува на Меѓународниот Аеродром Скопје се:  Хамбург, Хановер, Минхен, Штутгарт, Берлин, Лајпциг, Диселдорф и Франкфурт (Германија); Манчестер, Лондон – Гетвик (Велика Британија) и Париз, Лион и Марсеј (Франција).

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Една од најголемите туристички агенции во Европа ќе носи туристи во Македонија

Следно

ШОК ВО СПОРТСКИОТ СВЕТ: Мајк Тајсон е тешко болен!

Latest from Blog

ВЛЕН со порака до ДУИ: Прво расчистете со Груби

Политичката партија ВЛЕН ја обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) дека преку критики за владините документи се обидува да го пренасочи вниманието на јавноста од случајот со поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.

Јамалов: Владата ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни инвестиции го развива туризмот и ја позиционира Македонија како сè поатрактивна туристичка дестинација, изјави Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Развојот на туризмот е еден од стратешките

Коњановски: Инвестираме во улици, паркинзи и подобра инфраструктура за битолчани

Неколку инфраструктурни зафати беа реализирани изминатите денови во Битола, со кои градот доби три реконструирани улици и вкупно 98 нови паркинг места. Работите се изведуваа на повеќе локации, меѓу кои поранешната касарна,
Go toTop