Николоски: Една од најголемите туристички агенции во Европа ќе носи туристи во Македонија

February 16, 2025
1 min read

Уште во опозиција започнавме разговори со една од најголемите туристички агенции во Европа која носи туристи надвор од главната сезона и еве ги резултатите денеска. Првиот авион со 180 туристи пристигна денеска. Секој ден по еден авион и меѓу 180 и 200 туристи или само оваа година ќе пристигнат повеќе од 35 илјади туристи, истакна вицепремиерот Александар Николоски во гостување на Дневникот на МТВ.

Како што потенцираше вицепремиерот Николоски, концептот е секој турист да помине по два дена во Скопје и во Охрид со што ќе се потикне туристичката дејност, а очекувано е да се зголеми и девизниот прилив на државата.

-Туристите ќе доаѓаат од февруари до мај и во периодот од октомври до ноември, надвор од зимската и надвор од летната сезона, период во кој обично хотелите се затвораат оти немаат доволно гости. Ова е туристичка агенција која го работи целото хрватското приморје со посебен фокус во Дубровник каде што милиони туристи носат годишно. Ние уште во опозција работиме на ова, не беше лесна задача. Имавме среќа бидејќи дел од врвниот менаџмент на оваа турисичка агенција е од Македонија, па така интересно е дека почнуваат со 35 илјади туристи за оваа година со ветување дека ќе оди нагоре. Тие ќе поминуваат најмалку два дена во Скопје и два дена во Охрид а ќе имаат и останати посети. Тоа ќе значи целосно искористен капацитет за неколку хотели, посетени ресторани, посетени музеи и девизен прилив за Македонија. Ако се претпостави дека еден турист би оставил 200 евра по својата посета може да се пресмета колку средства се тоа. Веќе следната година очекувам бројката да оди нагоре. Во ова значајна улога имаше и Министерството за култура и туризам, истакна вицепремиеорт Николоски.

Тој најави дека веќе од 27 март започнува со летање новата линија на Туркиш ерлајнс од Истанбул до Охрид и претходно од 20 март летот од Скопје до Амстердам.

Со политиката на финансиска подршка за нови дестинации, до сега се воспоставија 10 нови авиолинии од кои осум од скопскиот и две од охридскиот аеродорм.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Барселона финализира договори за неколку клучни играчи

Следно

Првиот авион на „Фрибрд“ следа во Скопје, годинава се очекуваат 35.000 туристи со оваа компанија

Latest from Blog

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар

Собранието не ја поддржа интерпелацијата за министерот Панче Тошковски

Собранието не ја изгласа интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, поднесена од Левица. По завршувањето на расправата, од вкупно 77 пратеници што гласаа, 58 беа против, а 19

Турците побараа да се повтори натпреварот против Парагвај – причината е комична!

Фото: https://www.tff.org/ По два натпревари, Турција, сосема изненадувачки, се збогува со Светското првенство. Неочекуваните порази од Австралија (2:0) и Парагвај (1:0) и покрај доминацијата, предизвикаа бунт во оваа земја и се бараат

Мелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со Трамп

„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете
Go toTop