Прва странска посета во новиот мандат: Турскиот претседател наредната недела во Северен Кипар и Азербејџан

1 min read

АНКАРА (АА) — Реизбран кон крајот на минатиот месец, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе ја реализира првата посета во странство во својот нов мандат во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и Азербејџан, придржувајќи се до долгогодишната традиција на турските лидери, јавува Анадолу.

Во понеделник, Ердоган ќе отпатува за ТРСК, каде што ќе се сретне со претседателот Ерсин Татар и премиерот Унал Устунел.

Се очекува на средбите да се разговара за случувањата во Источен Медитеран и можните идни чекори во однос на кипарското прашање.

По средбите планирана е прес-конференција на Ердоган и Татар.

Ердоган наредниот ден ќе го посети Азербејџан, каде што ќе се сретне со претседателот Илхам Алиев.

Тој и Алиев ќе разговараат за билатералните односи и соработката, како и за регионалните и меѓународните случувања.

Ердоган победи во вториот круг претседателски избори одржани на 28 мај во Туркије, освојувајќи 52,18 отсто од гласовите, додека кандидатот на опозицијата Кемал Киличдароглу освои 47,82 отсто, според официјалните резултати.

По церемониите на положување заклетва и инаугурација во главниот град Анкара, Ердоган на 3 јуни го претстави својот нов Кабинет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

(ФОТО) Чудо по авионска несреќа во Колумбија – четири деца успеале да преживеат во џунгла со недели

Следно

Инзаги: Знаеме колку е силен Халанд, подготвивме нешто за да го сопреме

Latest from Blog